
ЗАГРИЖЕНОСТ ВО ПРИШТИНА: Aмериканците ja затвораат Бондстил?
Пред неколку дена американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс на безбедносната конференција во Минхен најави големо повлекување на американските војници од Европа.
Во косовскиот главен град Приштина тоа беше сфатено како директна најава за затворање на американскиот воен камп Бондстил.
Бондстил е главната американска воена база на Косово и најголемата американска воена база во Европа. Таа е под команда на КФОР и служи како штаб на НАТО за источниот дел на КФОР. Сместена во близина на Урошевац, го добила името по Џејмс Бондстил, американски војник од Виетнамската војна.

