
Загинаа 12 лица по судар на камион и автомобил на бензиска пумпа во Турција
Дванаесет лица загинаа во сообраќајна несреќа во турската провинција Хатај, кога камион налета на автомобили запрени во редица на бензинска пумпа, соопшти турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.
Несреќата се случила во градот Белен, а изгореле камион и два минибуса.
Коџа изјави дека е повредено 31 лице, од кои тројца во тешка состојба.