
Загина млад гостиварец, коалицијата Вреди го откажа митингот во Гостивар
Се одложува митингот на коалицијата Вреди поради сообраќајна несреќа во која загина гостиварец.
„Почитувани медиуми, ве известуваме дека Митингот на Коалицијата Вреди закажан за вечерва во Гостивар во 20:30 часот ќе биде одложен бидејќи во текот на денот во сообраќајна несреќа животот го загуби младиот гостиварец Е.А., а како знак на почит ги откажуваме сите активности за денес. До семејството, пријателите и сите жители на Гостивар, изразуваме искрено сочувство!“, велат од Вреди.
