Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗАЕВ ЗАСТАНА ВО ОДБРАНА НА КАРТЕЛОТ ЗАШТО Е НЕГОВА ТВОРБА Медицинската марихуана е само параван за организираниот криминал, обвинува ВМРО-ДПМНЕ
Македонија

ЗАЕВ ЗАСТАНА ВО ОДБРАНА НА КАРТЕЛОТ ЗАШТО Е НЕГОВА ТВОРБА Медицинската марихуана е само параван за организираниот криминал, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

09/02/2026

AA

„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во неделата рано изутрина. Нервозната реакција е јасен знак дека Заев се чувствува директно погоден и разоткриен, откако вистината почна да излегува на виделина“, се вели во соопштение од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

„Факт е дека токму владата предводена од Заев го постави темелот на бизнисот со марихуана во Македонија. Околу 70% од запленетата дрога е поврзана со фирма блиска до СДСМ, „ЦБД Медплант”, чиј основач е Тони Котев (Мгчев), поранешен претседател на општинскиот одбор во Ново Село, човек поврзан со Вице Заев. Фирмата, формално во сопственост на неговиот син, за помалку од шест месеци испорачала 19 тони марихуана.

Фирмата на Мгчев добива одобрение за работа во време кога владата ја предводеше Заев, а Филипче беше министер за здравство, поточно во 2020 година.

ВМРО-ДПМНЕ уште тогаш укажуваше дека лиценците за одгледување марихуана за медицински цели се доделувале исклучиво на фирми блиски до власта, а не според законски услови. Медицинската марихуана била параван за организиран криминал во огромни размери.

Јавноста има право да знае и зошто Заев лично се интересирал за случајот со петте тони марихуана запленети во Србија. Апелираме до Јавното обвинителство да ја истражи вмешаноста на Заев и Филипче во овој случај и да ги објави сите сознанија. Борбата против криминалот е јасна, а на наркокартелот на Заеви му доаѓа крајот“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

За една недела регистрирани 4.991 прекршок од страна на „Сејф

09/02/2026
Македонија

До сега запленети над 40 тони марихуана од повеќе правни

09/02/2026
Македонија

Вештакот Равник од Словенија сведочи за судењето Онкологија: Пред хемотерапија

09/02/2026
Македонија

МАЛОЛЕТНИЦИ СЕ ОБИДЕЛЕ ДА ОГРАБАТ МАНАСТИР Фатени се додека обивале

09/02/2026
Македонија

Двегодишно дете на интензивна нега по напад од улични кучиња

09/02/2026
Македонија

ЕДС официјален поддржувач на Олимпискиот комитет за спортскиот циклус 2026

09/02/2026
Македонија

ССМ повика на блокада пред Собранието

09/02/2026
Македонија

ЗАЕВ ЗАСТАНА ВО ОДБРАНА НА КАРТЕЛОТ ЗАШТО Е НЕГОВА ТВОРБА

09/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41222
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

За една недела регистрирани 4.991 прекршок од страна на „Сејф Сити“

09/02/2026

Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се

До сега запленети над 40 тони марихуана од повеќе правни лица – ОЈО продолжува со

09/02/2026

Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони

Вештакот Равник од Словенија сведочи за судењето Онкологија: Пред хемотерапија се проверува тежината и општата

09/02/2026

Во Основниот суд во Скопје започна сведочењето на две словенечки вештаци ангажирани од Обвинителството во предметот против ексдиректорот на Клиниката

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy