Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ САКАЛЕ МАКЕДОНИЈА ДА БИДЕ СВЕТСКА ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА ЗА МАРИХУАНА Време е да одговараат за злоупотребите на регулацијата за медицински канабис
Македонија

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ САКАЛЕ МАКЕДОНИЈА ДА БИДЕ СВЕТСКА ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА ЗА МАРИХУАНА Време е да одговараат за злоупотребите на регулацијата за медицински канабис

12/02/2026

AA

Зоран Заев и Венко Филипче имале цел Македонија да ја претворат во светска туристичка атракција за канабис, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ на чело со Зоран Заев и Венко Филипче го злоупотребиле процесот за регулирање на медицинскиот канабис во Македонија. Во 2020 година Заев и Филипче смислиле план како енормно да заработат од бизнисот со марихуаната и сакаа целосно да ја легализираат, но тоа не им помина. Затоа лиценците за одгледување на медицински канабис биле резервирани исклучиво за луѓе блиски до кланот Заеви и Филипче. Обичните граѓани и компании немале никаква шанса да добијат дозвола“, се вели во соопштението.

Поради фаворизирањето на тоа кој ќе добие лиценци, се додава, Струмичкиот регион се претвори во центар за производство на марихуана за медицински цели.

„Доказ дека сè било смислено однапред е подзаконскиот акт на правилникот за одгледување на канабис за медицински цели, донесен во време на СДСМ каде постои неусогласеност, затоа што се дозволува да се произведува цвет од канабис кој не ги задоволува ГМП нормите. Производството на канабис кој не ги исполнува ГМП нормите го прави маслото од канабис нелегално за лиценцирање и промет. Токму поради ова се отвора сомнеж за криминални мотиви. Со ваквиот начин на производство и складирање се отвора сомнеж дека канабисот бил за продажба на црниот пазар“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Зошто е направен подзаконски акт кој е во колизија со законот и со самото тоа овој процес е незаконски, прашува партијата.

„Дали на Заев и Филипче целта им била продавање на канабис на црниот пазар? Дали Заев и Филипче ја туркале промената на правилникот? Јавното обвинителство мора да интервенира итно. Граѓаните заслужуваат правда и одговорност за незаконското работење на овој картел. Време е Заев и Филипче да одговорат пред законот и јавноста. Ниту еден привилегиран апликант, ниту еден нелегален процес, не смее да остане без казна“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски: Битангите кои се занимаваат со незаконити влијанија се зад

12/02/2026
Македонија

ДЗР со неповолно мислење за Државниот архив – утврдени слабости

12/02/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев и Филипче донела спорен правилник, подзаконскиот

12/02/2026
Македонија

СЈО ГО ПРЕЗЕДЕ, ПА НАМЕРНО ГО ЗАБОШОТИ ПРЕДМЕТОТ „ПУЧ“ Адвокати

12/02/2026
Македонија

Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради протест на

12/02/2026
Македонија

„63 километри за 63 анѓели“ – спортски настан во спомен

12/02/2026
Македонија

ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ САКАЛЕ МАКЕДОНИЈА ДА БИДЕ СВЕТСКА ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА

12/02/2026
Македонија

НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ПЛАТЕНИ ПОДЕЛБИ ВО СДСМ Според Филипче во

12/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41361
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски: Битангите кои се занимаваат со незаконити влијанија се зад решетки – има уште некои

12/02/2026

Во контекст на засилените контроли на производството и прометот на канабис, премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека неколку правни субјекти

ДЗР со неповолно мислење за Државниот архив – утврдени слабости и неправилности

12/02/2026

Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврдил повеќе слабости и неправилности во работењето на Државниот архив, покажува ревизорскиот извештај објавен денеска.

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на Заев и Филипче донела спорен правилник, подзаконскиот акт за канабис е во

12/02/2026

Зоран Заев и Венко Филипче имале за цел Македонија да ја претворат во светска туристичка атракција за канабис, велат од

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy