
ЗАЕДНО ПРОТИВ САНКЦИИТЕ: Русија и Иран потпишаа договор
Русија и Иран потпишаа договор за заеднички отпор против санкциите.
Документот ја прикажува стратегијата за „спротивставување, ублажување и компензирање“ на ефектите од „едностраните присилни мерки“.
Рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров и неговиот ирански колега Хосеин Амир-Абдолајан денеска потпишаа документ за заеднички отпор на санкциите што им беа воведени, пренесе РИА Новости. Тие се состанаа во руската престолнина Москва, каде Лавров моментално е домаќин на самитот на министрите за надворешни работи на таканаречената Касписка петорка – Русија, Иран, Азербејџан, Казахстан и Туркменистан.
Борбата против инфлацијата во Русија не донесе големи резултати. Руската централна банка ја зголеми основната каматна стапка за два процентни поени на 15 отсто во октомври, што е четврто зголемување во изминатите неколку месеци.
фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV
