Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Заеднички настан на Стопанската комора и Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ)
Економија

Заеднички настан на Стопанската комора и Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ)

24/06/2023

AA

Стопанската комора на Северна Македонија заедно со Институтот на овластени ревизори на РСМ (ИОРРСМ) организираа настан за континуирано професионално усовршување (КПУ) со теми од областа на осигурувањето за овластените ревизори. Настанот се одржа на 22 јуни 2023 година во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија како хибриден настан, со физичко или он-лајн присуство. На настанот присуствуваа 138 учесници.

Настанот го отвори д-р Оливера Клинчарова, претседател на Асоцијацијата на осигурителни брокерски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија, која е формирана во 2011 година. Асоцијацијата на осигурителните брокерски друштва се залага за унапредување на осигурувањето, зајакнување на соработката помеѓу финансиските институции кои вршат осигурување – осигурителни посредници и банките како еден дистрибутивен канал, а се во насока на зајакнување на довербата која е клучна за развој на финансискиот сектор.

Асоцијацијата е активно вклучена во проектите за унапредувањето на финансиска писменост и инклузија.  Овој настан е во насока на развивање на свеста за потребата од заштита на животите и имотите на населението и компаниите, како и за продлабочување на знаењето за различни аспекти на осигурувањето.   

Во тој контекст, програмата на настанот опфаќаше повеќе актуелни теми од областа на осигурувањето и тоа одржливо осигурување и нефинансиско известување (ESG), практични аспекти на осигурувањето, како и финансиско известување на друштвата за осигурување и улогата на ревизорите согласно регулаторните барања за финансиско известување и ревизија на друштвата за осигурување.

Предавачи на настанот беа: 

–   проф. д-р. Климе Попоски, Универзитет Св. Климент Охридски, катедра за осигурување и Претседател на Управен Одбор на ВИНЕР – ВИЕНА ИНШУРЕНС ГРУП АД СКОПЈЕ
–   Ксенија Денчиќ – Михајлов, Универзитет Ниш, Економски факултет Ниш и Centre for Scientific, Interdisciplinary Risk Management and Sustainability, Ostfalia University of Applied Sciences, Germany
–   д-р Оливера Клинчарова, претседател на Асоцијацијата на осигурителни брокерски друштва при Стопанска комора на Северна Македонија
–   м-р Коста Спасески, генерален советник за стратешко планирање и управување со квалитет, Агенција за супервизија на осигурувањето.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy