
ЗАД НАС Е НАЈТОПЛОТО ЛЕТО НЕКОГАШ – но состојбта би можела и дополнително да се влоши
Зголемувањето на температурите бара итна акција. Државниците се повикани да најдат решенија за климатските промени. Сè уште имаме шанса да ја избегнеме најлошата судбина, но немаме повеќе време за губење“, рече генералниот секретар Антонио Гутереш во изјавата пренесена од Светската метеоролошка организација (СМО).
Според податоците на WMO, август беше одбележан со невидена топлина, надминувајќи ги сите претходни августи, а овогодинешниот јули стана најтоплиот месец досега забележан. СМО објави дека температурите на копно и на морето биле за 1,5 степени Целзиусови повисоки од просекот за периодот од 1850 до 1900 година, пишува тпортал.
Ситуацијата може дополнително да се влоши кога ќе започне Ел Нињо. Овој климатски феномен, кој вклучува проширување на топлите води долж брегот на Пацификот на Јужна Америка, често доведува до глобално затоплување, предизвикувајќи екстремни временски услови како што се топлотни бранови, пожари и поплави. Оваа година, Ел Нињо се појави во тропските предели на Пацификот за прв пат по седум години, зголемувајќи ја веројатноста за продолжено затоплување на океаните до крајот на 2023 година.
Иако можеби не ги чувствуваме значајните ефекти на Ел Нињо во нашата област, јасно е дека мора да се подготвиме за подолги екстремни услови.