
ЗАЧУДУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ЗАГРЕБ: Седум години не доаѓал на работа, ама плата земал
Човек кој бил вработен како мајстор во дом за деца во Загреб не доаѓал на работа седум години и за тоа време ја земал целата плата.
Но, по откривањето на случајот, целата ситуација добила разрешница на суд, кој пак одлучил дека работникот ќе треба на работодавачот да му плати вкупно 137.000 евра отштета.
По неколку опомени од работодавачот кој бил незадоволен од неговата работа, надзорникот наместо да се поправи, ја тужел институцијата каде што работел тврдејќи дека бил сексуално вознемируван и дискриминиран по разни основи.
Случајот се случил во ноември 2012 година, кога занаетчијата престанал да доаѓа на работа, а работодавачот му исплатил целосна плата и јубилејни бонуси седум години, до декември 2019 година.
Според хрватскиот портал Даница, во тој период му биле исплаќани просечни месечни бруто износи од околу 10.700 куни. Бидејќи не успеал да докаже на суд дека работодавачот сексуално го вознемирувал, омаловажувал, потценил и дискриминирал, судот ја отфрли тужбата на мајсторот во октомври 2019 година.
Откако по седум години се појавил на работа, добил отказ што го смета за неоправдано и повторно ја тужел компанијата.
Истовремено, Дом го тужел занаетчијата затоа што одбил да му ги врати парите исплатени како плата за седумте години кога не се појавил на работа, објави „Б92.рс“.
Судијата неодамна одлучи дека човекот мора да му плати на својот поранешен работодавец повеќе од 1 милион куни, односно околу 137.000 евра: 119.000 евра за бруто плата и 18.400 евра за судски трошоци. Пресудата не е правно обврзувачка и мажот може да се жали. Доколку загуби, вкупната отштета би можела да достигне сума од 150.000 евра.