Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Забавува ли ценовното „цунами“ – поскапувањата на месечна основа минорни, на годишно ниво храната најмногу поскапела
Економија

Забавува ли ценовното „цунами“ – поскапувањата на месечна основа минорни, на годишно ниво храната најмногу поскапела

15/02/2023

AA

Најновите
податоци за инфлацијата во земја покажуваат дека на месечна основа трошоците на
живот пораснале минимално, а први знаци за забавување беа регистрирани минатиот месец.
Сепак, споредено на годишна основа поскапувањата се значителни. Во јануари
годинава сме плаќале за 17,1 отсто поскапи продуките отколку истиот месец
минатата година.

Сепак, токму
месечната стапка на инфлација според експертите е една од причините за смирување.
Укажуваат дека минималните стапки на раст на трошоците на живот на месечна
основа се знак за стабилизација на ценовниот притисок.

– Ценовниот
раст запре уште претходниот месец, односно на месечно ниво забележавме мал пад
во декември, додека во јануари незначителен раст на цените, што се рани знаци
на стабилизација на ценовниот притисо
к. Тековно, согледувањата за ценовните
движења на глобално ниво, и на Европскиот континент, се дека пикот на
инфлацијата е зад нас, односно дека влеговме во фаза на стабилизација и благо
олабавување на ценовниот притисок, што се должи на реакциите на централните
банки и подобрувањето на состојбата со понудата на пазарите на одредени стоки – објаснува професорот Марјан Петрески.

Петрески за „Фактор“ исто
така дополнува дека на глобалната сцена веќе има и намалување на цените на
храната, иако тоа не се чуствува и кај нас.

– 
Кај
глобалните цени на храната, дури е евидентно
намалување во подолг период, меѓутоа тоа сеуште не е доволно отсликано во
домашната економија, дел поради компензирањето со цените на енергијата, што
требаше да се адресира со фиксирањето на цената на струјата за прехранбената
индустрија,
дел
поради кумулирани залихи, но и дел
поради пазарните односи во одредени сегменти од производството на храна. Но,
доколку не настане некој нов шок што сега не можеме да го предвидеме, очекувам
дека олабавувањето на ценовниот притисок кај храната ќе продолжи, односно кај
одредени продукти ќе видиме понатамошно намалување на цената, но не очекувам
дека тоа ќе биде во обем во кој се надева владата
– потенцира Петрески.

Професорот додава дека севкупната
стапка на раст на цените, и понатаму ќе остане позитивна и релативно висока во
текот на оваа година, главно како последица на пренесени ефекти од цените на
храната и енергијата врз останатите сегменти од потрошувачката кошничка,
особено кај стоките и услугите за
домаќинствата и палета од разновидни стоки и услуги чии цени беа постабилни во
текот на 2022.

– 
Но, севкупно гледано, моменталниот амбиент за
водењето на економските политики стана поповолен во однос на состојбата од пред
два-три месеца, но неизвесноста е присутна и понатаму
, и потребна е будност од
носителите на политиките, особено за годинава ќе биде клучно однесувањето на
фискалната политика – укажува Петрески.

Од податоците кои
ги објави ДЗС може да се види дека токму најголеми одар врз џебот на граѓаните
бил преку храната. На годишно ниво, односно во јануари годинава храната била поскапа
за 25,8 отсто во споредба со истиот месец минатата година. Притоа, лебот поскапел
за дури 39,1 процент, месото пак за 28,3 отсто, додека млекото, сирењата и
јајцата за 36,2 проценти. Но, не поскапела само храната, туку скоро се што се користи
во домаќинствата. Безалкохолните пијалоци за 14,7 проценти, шеќерот, чоколадото
и џемот за 17,2 отсто, се зголемиле и кафето и чајот за 17,3 отсто. Виното исто
така поскапело и тоа за 14,4 проценти.

Растот на цените на производите изврши силен притисок врз граѓаните, осбоено посапувањето на основните хранливи продукти. Како што објавивме пред неполн месец, лебот беше меѓу производите кој забележа највисок ценовен раст. 

Петранка Огнаноска

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy