Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗАБАВУВА ИНФЛАЦИЈАТА ВО ЕУ: Во Белгија е забележана дури и дефлација
Економија

ЗАБАВУВА ИНФЛАЦИЈАТА ВО ЕУ: Во Белгија е забележана дури и дефлација

19/12/2023

AA

Инфлацијата во Европската Унија(ЕУ) забавила во ноември. 

Во Белгија е забележана дури и дефлација, стои во извештајот на Евростат објавен денеска.  На ниво на ЕУ, годишната стапка на инфлација, во ноември паднала на 3,1 отсто, од 3,6 отсто во октомври.

Во еврозоната инфлацијата во ноември изнесуваше 2,4 отсто, забавувајќи од 2,9 отсто во октомври, според проценката објавена на крајот на ноември. За споредба, во ноември лани инфлацијата во ЕУ достигна 11,1 отсто, а во еврозоната 10,1 отсто. 

Белгија е единствената земја-членка на ЕУ која бележи пад на цените. Само во Белгија во ноември цените паднале на годишно ниво, за 0,8 отсто. Данска и Италија имаат најниска стапка на раст на потрошувачките цени во ноември во однос на истиот месец лани, од 0,3, односно 0,6 отсто.

Чешка имала највисока годишна стапка на инфлација, 8 проценти. Следуваат Унгарија со 7,7 отсто и Словачка и Романија со годишна стапка на инфлација од 6,9 отсто. Блиску е и Полска, со стапка на инфлација од 6,3 отсто.

Меѓу земјите со најсилен раст на потрошувачките цени, мерено со HICP, останува и најновата земја членка на еврозоната Хрватска, со годишна стапка на инфлација од 5,5 отсто, по октомвриската стапка од 6,7 отсто, во согласност со податоците што веќе ги објави Eurostat на крајот на ноември

Најголем пад на цените забележа Малта, за 2,9 отсто. Следуваат Кипар и Холандија со пад од по 1,5 отсто. Во Чешка, Унгарија и Естонија цените се задржаа на октомвриското ниво. Полска има најголем раст на цените во Унијата, за 0,6 отсто во однос на претходниот месец. По почетокот на војната во Украина лани, во европските земји имаше инфлација. 

foto freepik.com/goffkein

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy