Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗАБАВА, ДРУЖБА И УЖИВАЊЕ НА ПРОСЛАВАТА ПО ПОВОД 100 ГОДИНИ ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА
Спорт

ЗАБАВА, ДРУЖБА И УЖИВАЊЕ НА ПРОСЛАВАТА ПО ПОВОД 100 ГОДИНИ ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА

15/07/2024

AA

Прилеп, 15 јули 2024 година, Прилепска Пиварница, столбот на традицијата и на квалитетот во пиварската индустрија, во саботата, на 13 јули, одбележа историски момент со голема прослава во чест на својата 100-годишнина. Настанот што се одржа во Прилеп беше сведоштво за еден век извонредна посветеност кон производството на пиво и кон заедницата.

Прославата официјално ја отвори Марјана Станојковска, која ја најави проекцијата на корпоративното видео за Пиварницата, кое сведочи за досегашната работа. Потоа, топло добредојде на присутните им посакаа и генералниот директор на Пиварницата, г. Сашко Самарџиоски, заменик-генералниот директор, г-а Панде Самарџиоска, и градоначалникот на Прилеп, г. Борче Јовчески. Во своите обраќања, тие се осврнаа на богатата историја на Пиварницата, на нејзината долготрајна посветеност на квалитетот како и на нејзината важна улога во поддршката на локалната заедница.

По инспиративните говори, присутните имаа можност да уживаат во музичките настапи на ДНК, Тропико бенд и неповторливата Марија Шерифовиќ. Нивните енергични настапи ја подигнаа атмосферата, обединувајќи ги гостите во прославата на овој значаен јубилеј. А, за да биде уживањето уште поголемо, Пиварницата овозможи пијалаци по роденденски цени, па присутните можеа да се освежат со домашните пива – студени Крали Марко и Златен Даб, увозните пива Карлсберг и Туборг, соковите Пепси, Миринда и Газоза, како и водите Аква Вива и Књаз Милош.

Кулминација на вечерта беше спектакуларниот огномет што го осветли небото над Прилеп, симболизирајќи ги многубројните достигнувања на Пиварницата во изминатите 100 години, како и светлиот поглед кон иднината.

Додека Прилепска Пиварница со возбуда се движи кон следните 100 години извонредност во производството на пиво, таа останува посветена на одржувањето на своето наследство на квалитет, традиција и ангажман кон локалната заедница.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy