Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За влез во Владата: АА преговара за ресорите правда и здравство
Македонија

За влез во Владата: АА преговара за ресорите правда и здравство

01/02/2023

AA

Министерството за правда останува еден од ресорите што целиме да ги раководиме, заедно со Министерството за здравство, информираат за МИА извори од Алијансата за Албанците околу преговорите за кадровските решенија при евентуален влез на партијата во Владата.

Од партијата велат дека преговараат за овие два ресори, со оценка дека имаат кадровски капацитети за раководење со нив.

Извори од Алијансата за Албанците потенцираат дека за трето министерско место, останува да преговараат следните денови заедно со кадрите од вториот и третиот ешалон.

Од партијата посочуваат дека приоритет ќе им биде борбата против организираниот криминал и корупцијата, и затоа, како што велат, инсистираат нивни кадри да бидат застапени во сите дирекции, институции и инспекторати кои се поврзани со овие области, како УЈП, Царината, полицијата… Според нив, не е услов да имаат прв или втор човек во овие институции, туку да нивни кадри да бидат застапени во сите овие институции на различни нивоа.

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари вчера по средбата со премиерот Димитар Ковачевски изјави дека влегувањето на Алијансата за Албанците во Владата се уште не е дефинитивно, но оти шансите за тоа се огромни. Тој потенцира дека околу 90 проценти од програмските определби се синхронизирани, додека за кадровските решенија воопшто не било разговарано.

За кадровските решенија, како што посочи, ќе разговараат во текот на следниве неколку дена, додавајќи дека еден од ресорите за кои „имаат најдобри кадри“ е Министерството за здравство.

И премиерот Димитар Ковачевски вчера напомена дека во најголем процент се усогласиле со Алијанса за Албанците, додека во делот на сите други аспекти за можна соработка, разговорите ќе продолжат.

Извршниот одбор на СДСМ синоќа на седница избра работна група за понатамошните разговори со Алијанса та за Албанците, во која покрај партискиот лидер и премиер Ковачевски, членуваат и генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ, членот на Централниот одбор Љупчо Николовски и координаторот на пратеничката група во Собранието Јован Митревски.

Истовремено, за вечерва во Гостивар е најавен состанок на најтесното раководство на владејачката Алтернатива, на кој како што потврдија извори од партијата за МИА, ќе се одлучува какви чекори ќе преземат во однос на евентуалниот влез на Алијансата за Албанците во Владата.

На последните парламентарни избори во 2020 година Алијансата за Албанците и Алтернатива настапија во коалиција, но лани Алтернатива реши да влезе во владината коалиција откако Беса ја напушти Владата, додека Алијансата остана во опозиција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Алсат: Пронајден е мртов оперативниот директор Лирим Хајредини, погребот ќе

13/08/2026
Македонија

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7

13/08/2026
Македонија

Сите генерални секретари на Влада во последните 15 години завршија

13/08/2026
Македонија

Започнуваат уписите на УКИМ: Слободни над 8.800 места за бруцоши

13/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова за помилувањето на Шефије Јакупи: 35 години била жртва

13/08/2026
Македонија

Обвинение за 8 лица за штета од над 8,2 милиони

13/08/2026
Македонија

Пронајдено 15-годишното девојче од Охрид

13/08/2026
Македонија

Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор со гаранција од 500.000

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45000
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Алсат: Пронајден е мртов оперативниот директор Лирим Хајредини, погребот ќе биде в петок

13/08/2026

Попладнево по вестите во 16 часот, Телевизија Алсат на социјалниет мрежи и веб страницата објави дека пронајден бил мртов оперативниот

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7 лица за „Лотарија“ ќе суди

13/08/2026

Кривичниот суд го прифати поднесеното обвинение за предметот поврзан со Државна лотарија каде обвинет е Артаб Гууби и други 8

Сите генерални секретари на Влада во последните 15 години завршија на обвинителна клупа

13/08/2026

Функцијата генерален секретар на Владата во изминатите повеќе од една деценија добива сè понеславна судска историја. Кирил Божиновски, Драги Рашковски

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy