
„ЗА ТАТКОВИНАТА СПРЕМНИ“…ИЗЛЕГУВАЈТЕ НАДВОР: Усташкиот поздрав предизвика невиден хаос во хрватското Собрание
Предлогот на Владата за измена на Законот за прекршоци
против јавниот ред и мир, во кој е вклучен и поздравот „За татковината спремни“, предизвика жестока
дебата во Собранието.
Измените на тој закон со кои извикувањето на реченицата „За татковината спремни“, кој се смета и за
усташки поздрав, значат дека тоа нема да се смета за кривично дело, туку за
нарушување на јавниот ред и мир. Исто така, измените на законот предвидуваат и
прекршочни казни.
Дел од јавноста, особено оние поврзани со војната во
Хрватска, тој извик го сметаат за легитимен, а друг дел смета дека се работи за
усташки поздрав за кој нема место во некоја европска земја.
– Ги спречувате хрватските ветерани да го дадат својот
легитимен поздрав, повторувам – „Спремни
за татковината“! – рече на
собраниската говорница опозицискиот пратеник Миро Буљ.
– Слава на Украина ви одговара, а се откажавте од хрватските
бранители – им возврати тој
на колегите.
По неколку опомени, претседателот на Собранието Гордан Јандроковиќ му рече да излезе од собраниската сала.
ФОТО: YouTube/Print Screen