Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗА СЕКОЈ ДЕНАР АКЦИЗА ОД ТУТУН, ДРЖАВАТА ПЛАЌА СКОРО 4 ДЕНАРИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ Македонија е меѓу земјите со највисока смртност од пушење во Европа
Македонија

ЗА СЕКОЈ ДЕНАР АКЦИЗА ОД ТУТУН, ДРЖАВАТА ПЛАЌА СКОРО 4 ДЕНАРИ ЗА ЛЕКУВАЊЕ Македонија е меѓу земјите со највисока смртност од пушење во Европа

23/04/2026

AA

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска се обрати на состанокот на Економско-социјалниот совет во Владата, на кој ги презентираше новините во предлог законот за заштита од пушење.

– Постојниот Закон е стар речиси 30 години и не одговара на денешната реалност, особено со појавата на нови производи, како што се електронските цигари и несогорливите тутунски производи, нејасните правила за угостителските објекти и слабата заштита на младите. Овој закон е дел и од нашите обврски кон Европската Унија, но уште поважно, тој е одговор на реалните проблеми што директно ги чувствуваат работниците, компаниите и семејствата. Суштината е дека тутунот не е само здравствен предизвик, туку и економски товар за нашата државата. Тутунот е одговорен за над 3.600 смртни случаи годишно, односно околу 13% од вкупниот број смртни случаи, со што Македонија е меѓу земјите со највисока смртност од пушење во Европа, со над 170 смртни случаи на 100.000 жители, наспроти европскиот просек од 95 отсто – истакна министерот Алиу.

Тој посочи дека освен здравствениот аспект – економскиот товар е речиси четирипати повисок од вкупните приходи што државата ги собира од акцизите на тутунските производи, односно за секој денар што влегува во Буџетот преку акцизи на тутун, економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици.

– Работниците во угостителството се најизложената група на штетните последици од пушењето. Со овие законски решенија чистиот воздух на работното место станува право на секој работник. Воведуваме и принцип на пропорционална одговорност – работодавачот што ги презел сите мерки и го пријавил прекршувањето, нема да одговара за туѓо однесување. Во однос на грижите за вработените во угостителскиот сектор, научните сознанија од светски референтни истражувања покажуваат дека сеопфатните забрани имаат неутрален или позитивен ефект врз продажбата во угостителскиот сектор. Додека пак, истражување спроведено во нашата држава од декември 2025 година покажува дека само 14% од угостителите сметаат дека сегашната регулатива е целосно неефикасна, а околу 50% се подготвени да се приклучат на иницијативи за средини без чад. Нивните забелешки не се против забраната, туку против нејасните правила и нелојалната конкуренција. Тоа го решаваме со универзални правила за сите. Предвидени се и разумни преодни периоди – шест месеци за изложувањето во малопродажбата и една година за угостителските тераси – заклучи министерот Алиу.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО

08/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ

08/10/2026
Македонија

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник

08/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ЛАЖЕ, ФОН ДЕР ЛАЈЕН ГО ДЕМАНТИРАШЕ СО ИЗЈАВАТА Реформите

08/10/2026
Македонија

ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА НА МОБИЛЕН ОД 28 ОКТОМВРИ

08/10/2026
Македонија

ЛОКАЦИЈАТА ЗА ДАТА-ЦЕНТАРОТ Е ИЗБРАНА, КАМЕН ТЕМЕЛНИК ДОГОДИНА Поплавата во

08/10/2026
Македонија

НЕ СЕ ТИЕ АЛТЕРНАТИВАТА, ТИЕ ЈА ВИТКАА КИЧМАТА Седум години

08/10/2026
Македонија

ХРВАТСКА, ШВАЈЦАРИЈА И РОМАНИЈА ПРИФАТИЛЕ РЕШЕНИЈА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ Николоски

08/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46069
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО Бугарија праќа мешани пораки за

08/10/2026

Бугарија ја упатува Македонија да го решава проблемот со уставните измени во Брисел, но кога македонската Влада ќе предложи разговори

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ СЕ ПЛАШИ ОД ИЗБОРИ Левица,

08/10/2026

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски при гостување на телевизијата Алсат М, прашан дали ќе има предвремени избори, уште еднаш повтори

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник снег на планините

08/10/2026

Времето во петок, 9 октомври, ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе има услови за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy