
ЗА САМО ТРИ ДЕНА ВИЗНА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА – дури 32 илјади патници патувале преку Приштинскиот аеродром „Адем Јашари“
Според податоците од Приштинскиот аеродром, околу 32.000 граѓани патувале од аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина само во првите три дена од 2024 година, по визната либерализација.
Ова бележи пораст од 58 отсто во однос на истиот период лани, се вели во објавените податоци.
Како што е познато, од први јануари 2024 година, граѓаните со косовски пасоши можат да патуваат без визи во 27 земји од Шенген зоната. Косовската претседателка Вјоса Османи, честитајќи им на граѓаните, рече дека оваа година започнува со „слободата на движење која предолго и неправедно се ускратува“.
Оваа слобода на движење, сепак, со себе носи и одредени опасности, како што е уште поголем одлив на работна сила од Косово, па некои аналитичари тврдат дека и половина милион жители би можеле да го напуштат тој крај.
