Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За првпат објавен Извештајот за спроведување на макропрудентната политика на Народната банка
Економија

За првпат објавен Извештајот за спроведување на макропрудентната политика на Народната банка

10/05/2025

AA

Народната банка го објави за првпат Извештајот за спроведувањето на макропрудентната политика, со кој се овозможува транспарентен увид во карактеристиките на преземените макропрудентни мерки, начинот на нивното одредување, како и ефектите од нив. Преземените макропрудентни мерки беа насочени кон исполнувањето на посредните цели на макропрудентната политика за зајакнување на отпорноста на банкарскиот систем и ограничување на структурните системски слабости, а преку тоа и исполнување на крајната цел за одржување на финансиската стабилност.

Целта на мерките насочени кон кредитокорисниците, коишто се применуваат од средината на 2023 година, беше намалување на ризикот од прекумерно преземање ризици од стрaна на банките и од појава на преголема задолженост кај физичките лица при поолабавени кредитни услови и следствено, намалување на веројатноста за остварување на ризиците при неповолни промени во општите економски услови. Мерките се состоеја од јасни правила за тоа колку може да се задолжи едно лице без да се загрози неговата финансиска стабилност, поврзувајќи ја висината на кредитот со висината на доходот на физичкото лице или со вредноста на станбениот простор којшто е заложен како обезбедување. Воведувањето на овие мерки имаше главно превентивен карактер, нивниот интензитет главно се вклопуваше во применетите кредитни политики и практики на банките, но тие го пренесоа сигналот на Народната банка дека треба барем да се задржат применетите критериуми при новото кредитирање на физичките лица.

Другата група мерки целат кон зајакнување на капиталната сила на банките и нивниот капацитет за справување со потенцијалните негативни ефекти од остварувањето на ризиците, а се состојaт од воведување дополнителни капитални барања, познати како заштитни слоеви на капиталот. Во периодот по воведувањето на заштитните слоеви на капиталот ‒ заштитниот слој на капиталот за системски значајните банки и заштитниот слој за зачувување на капиталот во 2017 година и противцикличниот заштитен слој на капиталот во 2023 година ‒ нивото на капиталот на банките е значително зголемено при што стапката на адекватност на капиталот е поголема за речиси 4 процентни поени, достигнувајќи едно од највисоките нивоа во изминативе две децении.

Макропрудентната политика, како клучна алатка за одржување на финансиската стабилност, беше институционализирана со измените на Законот за банките во 2016 година, a надлежноста на Народната банка како макропрудентен орган беше дополнително зајакната со Законот за финансиска стабилност од 2022 година и со измените на Законот за Народната банка во 2024 година, што овозможи проширување на спектарот на примена на макропрудентните инструменти за целите на одржувањето на финансиската стабилност. Со редовна анализа и можност за приспособување на инструментите, Народната банка и натаму ќе спроведува макропрудентна политика со која ќе овозможи одржување на стабилноста и сигурноста на банкарски систем, што е најважната претпоставка за финансиска стабилност и долгорочен економски раст.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Со пиштол ограбена обложувалница во Струга

07/12/2025
Македонија

Малолетник од Скопје заврши на дежурен откако испил голема количина

07/12/2025
Македонија

НЕ СУМ СОПСТВЕНИК И НЕМАМ ВРСКА СО ФИРМАТА ШТО ЈА

07/12/2025
Македонија

Родителите на загинатите во „Пулс“: Не сме барале да се

07/12/2025
Македонија

КОЧАНЧАНКА ПОВЕРУВАЛА ДЕКА Е ВРЗАНА СО МАГИЈА, ПА ОСТАНАЛА БЕЗ

07/12/2025
Македонија

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија

07/12/2025
Македонија

Вработен во Затвор Скопје при вршење обиколка, затекнал две лица

07/12/2025
Македонија

И дошле во двор и и кажале дека и е

07/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38610
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Со пиштол ограбена обложувалница во Струга

07/12/2025

На 06.12.2025  во 20:40 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во обложувалница во Струга едно лице со закана со

Малолетник од Скопје заврши на дежурен откако испил голема количина енергетски пијалоци

07/12/2025

Седумнаесетгодишно момче од Скопје завршило на дежурен лекар откако испило голема количина енергетски пијалоци, објави Канал 5. Лекарите предупредуваат дека

НЕ СУМ СОПСТВЕНИК И НЕМАМ ВРСКА СО ФИРМАТА ШТО ЈА СПОМЕУВА СДСМ Ивица Томовски најави

07/12/2025

Директорот на служба за општи и заеднички работи на Влада (СОЗР) Ивица Томовски тврди дека не е сопственик, ниту, пак,

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy