
За прв пат! Закажан ТВ дуел меѓу Димитар Ковачевски и Христијан Мицкоски
За прв пат на ТВ дуел ќе се соочат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Дуелот е закажан за 3 април во 18.45 часот на Канал 5.
Од телевизијата попладнево се огласија и порачаа дека и од двете партии ја прифатиле нивната покана.
„Ова ќе биде прво соочување на двајцата лидери, а во пресрет на изборите. И од владејачката СДСМ и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, изразија задоволство за можноста Ковачевски и Мицкоски да ги споредат ставовите во дебата“, велат од Канал 5.
Инаку, дуелот е закажан само ден пред стартот на кампањата за двојните избори, наречена „ТВ дуел за Македонија“.