Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА: Преку мобилните телефони Штипјани беа предупредени за земјотресот
Македонија

ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА: Преку мобилните телефони Штипјани беа предупредени за земјотресот

29/03/2023

AA

Бројни граѓани на Штип неколку секунди пред синоќешниот земјотрес на своите Андроид телефони добиле предупредување дека ќе има земјотрес.

Овој начин на известување досега не е забележан на мобилните телефони со Андроид и поддршка од сервисот на Гугл. Системот за предупредување за земјотреси на Андроид испратил јасна порака дека граѓаните се наоѓаат во потенцијално опасно подрачје, добиле и упатства како да се однесуваат за време и после земјотресот и оти треба да бидат во готовност затоа што последователни потреси се вообичаени при смирувањето на тлото.

Системот работи така што паметните телефони имаат мали акцелерометри (уреди за мерење на забрзувањето на тело во движење) и тие можат да детектираат сигнали кои укажуваат на можен земјотрес.

Доколку телефонот детектира такво нешто, тој автоматски испраќа сигнал до серверот за детекција на земјотрес заедно со локацијата каде што се случува. Серверот потоа комбинира информации од голем број уреди и заклучува дали навистина се работи за земјотрес. Бидејќи сè се случува со брзина на светлината (приближно брзината со која се движи телефонскиот сигнал), таа е многу поголема од брзината на земјотресот и овозможува такво брзо известување.

Како на вашиот телефон да го вклучите предупредувањето за земјотрес?

Google ја најави оваа опција пред две години, а корисниците на уредите со Android може да ја вклучат кога ќе одат на поставките за локација. Меѓу „услугите за локација“ можете да пронајдете „Предупредувања за земјотреси“ и да ги вклучите, ако веќе не е автоматски вклучен.

Системот на Google, наречен ShakeAlert, создаден во соработка со Геолошкиот институт на САД, користи сигнали од стотици сеизмометри кои се активираат и испраќаат предупредувања до корисниците преку паметните телефони со Android.

Паметните телефони обично се опремени со мал акцелерометар кој го снима движењето, па успеваат да детектираат земјотреси кои предизвикуваат земјотреси. Android телефонот може да стане и мини сеизмометар, па благодарение на милиони негови корисници во светот, во догледна иднина би можела да се создаде најголемата глобална мрежа за откривање земјотреси.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy