Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За прв пат од 1961 година, тепихот на Оскарите нема да биде црвен
Магазин

За прв пат од 1961 година, тепихот на Оскарите нема да биде црвен

12/03/2023

AA

 

За прв пат од 1961 година, тепихот на Оскарите нема да биде црвен. Како што пренесуваат странските медиуми, во средата пред театарот Долби во Холивуд работниците кои работат на подготовките за овогодинешното доделување на Оскарите го развиткуваа тепихот во боја на шампањ, додека водителот на 95-те Оскари, Џими Кимел, им се обрати на новинарите.

„Мислам дека одлуката наместо црвен тепих да има тепих во боја на шампањ покажува колку сме сигурни дека нема да се пролее крв“, се пошегува Кимел.

Одлуката за промена на бојата ја донеле креативните консултанти Лиза Лав, долгогодишна соработничка на Вог и Раул Авила, креативен директор на гламурозната Мет Гала во Њујорк. Годинава тепихот ќе биде делумно покриен за да се заштитат ѕвездите и камерите од временските неприлики, но и пристигнувањата да се претворат во вечерен настан.

Црвениот тепих на Оскарите датира од 1961 година, кога се одржа 33-тото доделување на Оскарите во Сивик аудиториум во Санта Моника, но пошироката јавност не го виде црвениот тепих во полн сјај на телевизија сè до 1966 година, кога наградите на Оскар беа емитувани во боја за прв пат.

Потсетуваме дека овогодинешното доделување на Оскарите започнува во понеделник во 2 часот по европско време или во 20 часот по локално време во Лос Анџелес.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy