Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗА ПОВЕЌЕТО ОВА Е НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА: Само една земја во светот произведува доволно храна за своите потреби
Економија

ЗА ПОВЕЌЕТО ОВА Е НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА: Само една земја во светот произведува доволно храна за своите потреби

18/06/2025

AA

Само една земја во светот произведува доволно храна за сопствените потреби. 

Истражувачи од Универзитетот во Гетинген во Германија и Универзитетот во Единбург анализирале податоци за производството на храна од 186 држави. Резултатите покажале дека Гвајана е единствената земја што може да биде целосно самоодржлива во сите седум клучни групи на храна на кои се фокусирало истражувањето. 

Кина и Виетнам се на второ место, произведувајќи доволно храна за да ги задоволат потребите на своето население во шест од седумте категории.

Само една од седум земји ја исполнува квотата во пет или повеќе категории на храна, а над една третина се самоодржливи во само две или помалку групи.

Шест земји: Авганистан, Обединетите Арапски Емирати, Ирак, Макао, Катар и Јемен,  не се во можност да ги задоволат потребите на своето население во која било група на храна. За да ги пополнат празнините и да ги задоволат нутритивните потреби на своето население, повеќето земји се потпираат на трговијата. Сепак, многу земји сè уште зависат од трговските партнери за повеќе од половина од нивниот увоз, што ги прави особено ранливи на пазарни шокови. 

Градењето отпорни синџири на снабдување со храна е императив за обезбедување на јавното здравје, се заклучува во истражувањето, кое е објавено во списанието Nature Food, пренесува РТС.

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Чекаме срце за мојот 23-годишен син – да донираме и

07/08/2026
Македонија

Преседан во Правосудството: Уставниот суд го извести Обвинителството за неизвршена

07/08/2026
Македонија

Лекот „Фостер“ повторно достапен во аптеките без доплата за пациентите

07/08/2026
Македонија

МЗ покренува стручен надзор со странски експерт за компликациите кај

06/08/2026
Македонија

Германец приведен во Радожда: Со дрон неовластено снимал армиска караула

06/08/2026
Македонија

Драматична состојба во Тетовско: Пожарникарите дневно гасат и до 17

06/08/2026
Македонија

Ристески: Цените се под контрола и засега нема потреба од

06/08/2026
Македонија

Недостиг на терапија за онколошките пациенти: Здружението „Хема-Онко“ бара системско

06/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44894
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Чекаме срце за мојот 23-годишен син – да донираме и да спасиме животи!“

07/08/2026

„Чекаме срце и додека се молам за моето дете да има подобрување, се молам за сите деца. Некому е потребно

Преседан во Правосудството: Уставниот суд го извести Обвинителството за неизвршена одлука од Граѓанскиот суд Скопје

07/08/2026

Уставниот суд за првпат од своето постоење примени нов механизам за заштита и извршување на сопствените одлуки (предвиден со Актот

Лекот „Фостер“ повторно достапен во аптеките без доплата за пациентите

07/08/2026

Министерството за здравство соопшти дека, по известување од носителот на одобрението за ставање во промет на лекот „Фостер“, направени се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy