Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?
Економија

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

19/04/2024

AA

Полни раце работа
имаат занаетчиите во Македонија. Ако ви треба плочкар, молер, фасадер големи се
шансите дека ќе треба да почекате месец или два додека да дојдат и да ја
завршат работата, затоа што се презафатени. Ова се веројатно „златни времиња“
за занаетчиите. Имаат многу работа, но и добра заработка. Иселувањето во
странство е фактор кој придонесе за ваква состојба.

„Јас имам многу
работа. За термини се чека. 
Ситуацијата е таква каква што е. Чекаат луѓето најмалку месец – два за
поголема работа, за фасада. Човек во Гостивар нè чекаше пола година. Сега се заработува,
ама работна сила нема. Мајстори за работа тешко се наоѓаат. Сигурно ќе биде
бетер, 100 отсто сум сигурен. „Златно време“ е  за оние кои работат за себе. Од друга страна,
да ти треба мајстор и да не е квалитетна услугата, мораш да платиш. И тие што
не се мајстори, ќе си ги платиш и нив. Добро е луѓето да бараат препорака, да
се распрашаат, да најдат некои мајстори кои ги знаат ако сакаат работата
квалитетно да им биде завршена“, вели молер од Скопје.

Но, не е само во
главниот град, туку и во внатрешноста има доста работа за занаетчиите. Дел од нив велат
дека однапред имаат обврски за следните неколку месеци.

„Има работа
доста. Претежно работам во Гевгелија и околината. Сега и во текот на летото има
повеќе работа. И според слободното време и според буџетот луѓето реновираат по
дома. Работа отсекогаш имало, не е дека немало, но зависи на кој како му се
работи. Ако ти се работи, ако си добар мајстор, од еден на друг те
препорачуваат и те викаат. Ние немаме никакви огласи, реклами, а барани сме. Од конкуренција не се плашам, затоа што јас сум
за тоа секој да работи и да си извади пари за опстанок на семејството. Работа
има за сите кои сакаат да работат“, додава плочкар од Гевгелија.

Анета Атанасовска од Занаетчиската комора Скопје вели
дека допрва доаѓаат времиња кога за услугите
на квалитетните мајстори ќе треба да платиме поскапо. Објаснува дека бројот на
мајстори во земјава е намален поради иселувањето и поради тоа што младите
немаат интерес за занаети и затоа добрите кадри се пребукирани.

„Миргацијата се
развива, многу занаетчии си ги затворија дуќаните и заминаа во Словенија,
Хрватска, Германија, а мал број млади лица се одлучуваат да отворат бизнис,
туку продолжуваат со високо образование и откако нема да најдат работа, се
преквалификуваат. Допрва ќе дојде тоа време кога ќе може занаетчијата да ја
наплати услугата која ја пружа, цената допрва ќе расте. Помал е бројот на
занаетчии во споредба со изминативе години, во некои сектори. Во градежништвото
немаме доволно мајстори, немаме паркетари, ѕидари, плочкари, водоводџии,
инсталатери на парно греење, поправка на машини и апарати. Се соочуваме со
дефициит на мајстори кои можат да испорачаат услуга“, рече Атанасовска.

Таа објаснува
дека многу мајстори работат на „црно“, луѓето нив ги наоѓаат преку огласи на
интернет, преку социјалните мрежи и со тоа може да се случи да не бидат задоволни од услугата. Во Скопје
има околу 2.700 регистрирани занаетчии кои се активни.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy