Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗА ПЕТОК Е НАЈАВЕН БОЈКОТ НА МАРКЕТИТЕ: Ги прашавме граѓаните дали ќе бојкотираат?
Економија

ЗА ПЕТОК Е НАЈАВЕН БОЈКОТ НА МАРКЕТИТЕ: Ги прашавме граѓаните дали ќе бојкотираат?

30/01/2025

AA

Повеќето граѓани
кои ги анкетиравме велат дека во петок нема да пазарат, ќе ги бојкотираат
маркетите и повикуваат народот да покаже единство, односно со овој гест, да
алармира дека цените се високи.

Луѓето кои ќе
бојкотираат, велат дека една поединечна акција не е доволна, туку потребно е
почесто да има бојкоти. Објаснуваат дека повеќето производи кои редовно ги
набавуваат се поскапени во однос на лани. Повикуваат државата да помогне, со
тоа што или ќе се зголемат примањата или да се ограничат цените на намирниците.

„Да, јас ќе
бојкотирам. Однапред ќе си купам храна, не мора во петок. Џабе најавуваат дека
цените се намалени, кога цените се исти, дури и повисоки. За маслото за јадење
имам забележано дека поскапе“, објаснува Зорица Петковска, граѓанка.

Следната граѓанка
нема да го почитува бојкотот.

„Нема потреба,
кога имам пари купувам, кога немам, не купувам и не верувам дека луѓето нешто
ќе сменат“, додава таа.

Некои дури даваат
предлог дека маркетите треба да се бојкотираат цела недела.

„Би требало да се
бојкотира. Треба и друг ден да се бојкотира. За почетокот мислам дека ќе биде
послабо, мислам дека луѓето нема да се единствени. Гледам дека маркетите се
преполни. Поскапено е млекото за деца“, додава Габриела Јовановска, граѓанка.

Пензионерите исто
се категорични дека бојкотот мора да даде ефект и дека граѓаните треба да бидат
упорни.

„Треба бојкот и
построги мерки, затоа што многу претераа. Кашкавалите се поскапени, мислам дека
не се достапни за сите. Треба подолго да се бојкотира, една недела барем да
трае бојкотот. Ако власта нема слух за обичниот народ, ние мора да покажеме
револт, затоа што многу нè
газат“, вели Гордана Милошевска, граѓанка.

Друг пензионер
вели дека власта мора да ги огранични цените, а трговците ако тоа не го
почитуваат, да бидат казнети.

„Бојкотот не е
решение, туку треба да се ограничат цените, да има намалување за 10 до 15
отсто, а кој не почитува, да дојдат, да му стават катанец еден месец, а вака
ништо не се прави. Ова не е решение. Кафето е доста поскапено. Цената на лебот
не е намалена, многу артикли се поскапени“, додава Перо Илиќ, пензионер.

Идејата за бојкот
на трговците македонските граѓани ја добија од Хрватите, кои бојкотираа во
петокот.

„Сите знаеме што
е излезот, повеќе пари и повисок стандард, но тоа не е лесно прашање. Не се
само маркетите виновни, треба да се тргне и од производителите“, вели економист
од Битола.

За петок, бојкот
најавија и граѓаните на Босна, Црна Гора, а имаше повици истото да се направи и
во Србија. Куповната моќ на граѓаните паѓа и тие се жалат дека тешко
преживуваат. Mинималната
кошничка за едно четиричлено семејство во Македонија одамна надмина 1.000 евра.
Од ССМ велат дека ова треба да биде црвен картон за трговците.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време

08/11/2026
Македонија

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА

08/11/2026
Македонија

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор

08/11/2026
Македонија

ГО ЗЕЛ ДВЕГОДИШНОТО ДЕТЕ И ЗАМИНАЛ ВО ШВАЈЦАРИЈА Татко од

08/11/2026
Македонија

📷 „НИТУ ЕДНА ПОВЕЌЕ“, „НЕМА ДА НÈ СНЕМА“, „УШТЕ КОЛКУ

08/11/2026
Македонија

ТАЈНО ЈА СНИМАЛ, ПА Ѝ СЕ ЗАКАНУВАЛ СО ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА

08/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46660
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ СЕ ВРАЌА, ОД ВТОРНИК ЗАТОПЛУВАЊЕ Седмицата носи променливо време и утринска магла

08/11/2026

Времето в понеделник, 9 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часо пви и во текот на

ИВА МИХАИЛОВА ОБВИНУВА ДЕКА Ѝ БАРАЛЕ ПАРИ ЗА УСЛОВНА КАЗНА Во бугарски подкаст рече и

08/11/2026

Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици, се појави со својот адвокат во подкастот на бугарскиот новинар

ПОЧИНА Д-Р ЗОРАН СПИРОВСКИ Беше истакнат торакален хирург и екс-директор на Торакална

08/11/2026

Почина проф. д-р Зоран Спировски, истакнат торакален хирург, поранешен директор на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и професор на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy