Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „За Ѓоковиќ полуфиналниот пораз од Синер е – одлична работа!“
Спорт

„За Ѓоковиќ полуфиналниот пораз од Синер е – одлична работа!“

28/01/2024

AA

Јаник Синер утринава со сензационален пресврт во финалето од Австралија опен против Данил Медведев (3-2) дојде до првата победа на еден гренслем-турнир, но и покрај неговот огромен успех за медиумите се уште поинтересно е да се пишува за Новак Ѓоковиќ и за неговиот неочекуван пораз во полуфиналето од италијанскиот тенисер.

Според Патрик Муратоглу, поранешниот тренер на легендарната Серена Вилијамс, ова всушност е и добар пораз бидејќи ќе симне дел од притисокот што му се наметнува на Србинот.

„Ѓоковиќ сигурно почувствувал олеснување по поразот од Синер бидејќи и самиот не беше свесен колкав товар носеше на своите рамења. Беше шокантно да се гледа Новак да биде толку вон ритам во едно гранслем-полуфинале. Ова можеби беше негов најлош меч кој сум го гледал. Тој во Мелбурн немаше загубено ниту еден меч од 2018 година, ниту еднаш на загубил во полуфинале и има дури десет титули. Па, нормално ли е да се очекува дека може да продолжи во ист ритам? Тоа е преголем притисок дури и за шампион како него. Сега е разочаран, но за неколку дена ќе биде поинаку. Ќе има поинаков притисок на него, само како прв тенисер на светот и најдобар играч на сите времиња. Тоа што му се случуваше во Мелбурн мислам дека беше премногу за него. И понатаму мислам дека годинава ќе освои две или три гранслем-титули“, изјави Муратоглу.

Популарниот Ноле најави дека ќе земе одмор по настапот во Мелбурн, па неговиот следен настап ќе се случи дури во март и тоа на мастерсот во Индијан Велс.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy