Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За Николоски и Коридор 8  е важен проект, Бугарија се заканува со пријава за саботажа
Економија

За Николоски и Коридор 8 е важен проект, Бугарија се заканува со пријава за саботажа

21/09/2024

AA

Министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски вчера на собирот на министри од неговиот ресор во Будимпешта порача дека и железничкиот Коридор 8 останува важен проект – исто како и Коридор 10.
„На средбите разговаравме за развој на транспортниот сектор во регионот. Ги претставивме приоритетите на Македонија – изградба на брза пруга на Коридор 10 како и олеснување на транспортот и трговијата меѓу земјите од Западен Балкан, како и изградбата на Коридор 8“, објави Николоски.

На состанокот со министрите од земјите членки на ЕУ тој најави „силен инвестициски циклус во изградбата и модернизацијата на железничката инфраструктура“.
„Во одвоени средби со министерот за градежништво и инвестиции на Унгарија Јанош Лазар, со заменик претседателката на Владата и министерка за инфраструктура на Албанија, Белинда Балоку како и претседателот на Заедницата на европски железници Алберто Мацола, информирав дека Македонија ги засилува инвестициите во изградба и модернизација на европските транспортни коридори 8 и 10, поврзувајќи ја оската Исток-Запад, како и брзо поврзување со југ со Атина и на север со земјите од Централна Европа“, порача вицепремиерот од Будимпешта.
Во меѓувреме од Бугарија стигнаа закани дека Македонија ќе биде пријавена во Брисел „за саботажа на изградбата на Коридор 8“. Лидерот на „Преродба“ Костадин Костадинов побара Народното собрание на Бугарија да издаде декларација.

Во декларацијата, според бугарскиот пратеник, треба да пишува дека Бугарија мора да ги информира своите партнери во Европската унија (ЕУ) за тоа што се случува од другата страна на границата – дека има саботажа против паневропските политики и една од нив е Коридорот број 8.

„Кога сакате да бидете во заеднички европски дом, мора да ја почитувате политиката на овој заеднички европски дом. Еден од условите е да имате политика на добрососедство. Потпишавме Договор за пријателство и добрососедство со Северна Македонија. што во моментов гледаме дека искрено се прекршува, се разбира, сфаќаме дека тоа е намерна политика за провокации, која во моментов нашата влада ја игра многу добро“, нагласи Костадинов. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy