Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗА НЕКОГАШНАТА ГРАДЕЖНА ГОРДОСТ, „БЕТОН“ ВЕЌЕ НЕМА ВРАЌАЊЕ НАЗАД – по стечајот, Берзата ги исклучи акциите од котација
Економија

ЗА НЕКОГАШНАТА ГРАДЕЖНА ГОРДОСТ, „БЕТОН“ ВЕЌЕ НЕМА ВРАЌАЊЕ НАЗАД – по стечајот, Берзата ги исклучи акциите од котација

05/05/2023

AA

Иако
раководството се обидуваше до последен здив да се бори за да го спаси
некогашниот градежен гигант, за „Бетон“ од Скопје веќе нема враќање назад.

Откако
пред нешто повеќе од една недела судот го прифати барањето за отворање стечај,
вчера и Берзата соопшти дека акциите на таа компанија нема веќе да котираат, а како
причина е наведена токму стечајната постапка.

Практично,
податоци за Бетон веќе не можат да се најдат на Берзата, и таа компанија веќе
не фигурира како издавач на акции на пазарот на капитал.

„Одборот на директори на
Македонската берза донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени
од Бетон АД Скопје, поради стечај на друштвото. Акциите издадени од Бетон ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Берзата, почнувајќи
од денеска“, се вели во објавата од Берзата.

Фактор
веќе објави дека на судкото рочиште што се одржа кон крајот на минатиот месец, судот го прифати барањето на работниците за отварање на стечај врз Бетон, поради неисплатените
повеќе од осум плати, како и два регреси за годишен одмор. Оваа информација ја соопштија
од
Сојузот
на синдикатите на Македонија. 

„Работниците храбро ја водеа борбата заедно со Синдикатот за
градежништво, СГИП, која го даде резултатот
што го бараа, а со тоа се покажа дека работодавачите се моќни онолку колку што
ќе им дозволат работниците“, информираа тогаш од Градежиот синдикат.

Оттаму нагласија и дека сега самиот Синдикатот ќе обезбеди бесплатна
правна помош за постапките за материјално обезбедување на работниците од страна
на Агенцијата за вработување, за пријавување на стечајните побарувања за плати
и придонеси, како и за други побарувања од работниот однос.

Дали имаше шанси да се спаси оваа некогаш реномирана
градежна компанија?

Некакви знаци на надеж се појавија кога ова
акционерско друштво го објави својот финансиски извештај за минатата година,
кој говореше за помала загуба во работењето од онаа што се случи во 2021 година.
Што значи
дека
градежната
компанија и лани работела во зоната на негативата, но сепак нејзината загуба е
повеќе од двојно помала во однос на една година претходно.

Или, Билансот на успех на компнијата говореше дека лани „Бетон“
работел со загуба од 5,1 милиони евра, додека, пак, во 2021 година загубата
била дури 12,7 милиони евра.

Ако се погледне грубо Билансот на успех на „Бетон“, ќе се забележи
дека лани во однос на 2021 година се намалени и приходите и расходите на
компанијата, но кај расходите намалувањето е многу поголемо, што влијаело и врз
намалувањето на загубата. Па така, вкупните приходи на компанијата лани биле на ниво од 7,5
милиони евра, што е дури ни нецела половина од оние приходи што градежната
компанија ги остварила една година претходно, а
на расходната страна, пак,
се гледа дека вкупните расходи изнесуваат 12 милиони евра, што е за 57 отсто
помалку во однос на една година претхоно.

Билансот на состојба на „Бетон“, пак,
покажуваше дека
обврските на компанијата се намалени за 27 проценти во однос на
2021 година, но сепак тие
беа сеуште многу високи и изнесуваат дури 19 милиони евра. Тоа значи дека во стечајната маса на „Бетон“
ќе треба да се соберат најмалку 19 милиони евра, со кои ќе се исплатат сите
доверители, меѓу кои и компании, но и вработените на градежното претпријатие,
за нивните заостанати плати, како и за двата регреса за годишен одмор.

Инаку, градежната компанија, лани
преку ценовно
чувствителна информација на Берзата ја информираше инвеститорската јавност дека
таа ќе успее да ги исплати сите обврски што ги има кон доверителите, и покрај,
како што рекоа, некоректното однесување на државните институции, но и брзањето
на деловните банки да ги наплатат своите кредити.

„Бетон“ во својата објава призна дека оваа 2022 година е несомнено
најтешката година од нивното постоење.

Главни акционери во „Бетон“ се компании на бизнисменот Минчо
Јорданов.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy