
ЗА НАСТАВНИЧКАТА КОЈА ГО ПРЕЖИВЕА МАСАКРОТ: Родителите на Коста Кецмановиќ ќе треба да исплатат отштета
Родителите на Коста Кецмановиќ кој изврши масакр во 2023 година во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, ќе треба да платат отштета на повредената наставничка.
Вишиот суд во Белград донесе одлука со која ги обврза Милјана и Владимир Кецмановиќ, мајката и таткото на момчето убиец заеднички да исплатат отштета за нематеријална штета на наставничката по историја Татјана Стевановиќ, која беше тешко повредена во масакрот што се случи на 3 мај 2023 година во училиштето.
Сумата од 6.900.000 динари која се споменува е еднаква на околу 55.000 евра и предвидена е камата која почнува од денот на пресудата.
Отшетата, се вели во пресудата, се плаќа за претрпената физичка болка, страв, душевна болка поради намалување на општата животна активност и поради деформација.
Таткото го носел Коста на стрелиште, со што момчето научило да ракува со оружје. Момчето уби 9 луѓе, односно осум ученици и чуварот во училиштето.