Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗА НАЈЛУДАТА НОЌ СЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ПЛАТАТ ЛУДО Македонците за дочек во Охрид, но и во Париз, Рим, Дубаи…
Македонија

ЗА НАЈЛУДАТА НОЌ СЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ПЛАТАТ ЛУДО Македонците за дочек во Охрид, но и во Париз, Рим, Дубаи…

12/12/2025

AA

И годинава граѓаните ќе ја дочекаат Новата година според своите желби и длабочината на џебот. Едни ќе останат дома, а други се подготвуваат за поскапи патувања во странство. Туристичките агенции веќе ги продаваат патувањата кои годинава се за 10% поскапи од ланските.

Дочекот на Новата година, според понудата на туристичките агенции и зависно од тоа каде ќе се слави, дома или во странство, за двајца може да чини од 545 евра за три ноќи во Охрид до 2.000 евра во Париз.

Хотелите во Охрид наплаќаат од 45 до 150 евра по лице за една ноќ престој.

Но дел од граѓаните ќе престојуваат во апартмани каде што за едно ноќевање со појадок цената изнесува од 165 евра па нагоре.

Понудата за странство е за три или 4 ноќевања и главно се однесува на патувања со дочек на Нова година во некои европските градови. Речиси сите агенции ги нудат Рим, Париз, Атина, Барселона, Будимпешта, Истанбул и Малта.

Цените се слични и за четири ноќи со појадок за двајца. На пример, за Рим е 1.118 евра, во Париз од 1.298 до 2.156 евра.

Четири ноќи во Истанбул чинат 859 евра, а во Мадрид 1.298 евра.

Шест ноќевања во Дубаи чинат 2.389 евра за двајца.

Од регионот каде што може да се патува и со автобус за четиридневен престој во Атина за двајца се потребни од 358 до 458 евра. Исто така се нудат и патувања со дочек за Нова година во Тиват, Нови Сад и на францускиот Азурен брег, но и на Пелопонез каде што петдневно патување со три ноќевања за двајца чини 390 евра.

Туристичките работници велат дека има интерес за новогодишните патувања.

– Цената, за разлика од лани, е зголемена за 10% за речиси сите дестинации. Годинава нудам само едно петдневно патување за Нова година со три ноќевања за Пелопонез во кое е вклучен и дочекот, но главниот фокус е ставен на разгледување на историските и културните знаменитости Акропол, Микена, Епидаурус и манастирите во Метеори. Ваквите престои последните години стануваат сѐ поактуелни кај странските туристи и време е да ги научиме и нашите граѓани на вакви престои во странство поврзани со празници или одмор – вели Дочно Нацев, сопственик на ТА „Арботравел“.

Граѓаните, зависи од тоа колку сакаат да потрошат за Нова година, избираат само дочек или неколкудневно патување во странство.

– Љубител сум на патувања, но за Нова година сакам да бидам во Париз за да го доживеам овој град како празнува. Дополнителното време ќе го поминам во разгледување на градот доколку е можно – вели Драгана од Скопје.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД ИРАЦИОНАЛНИ ОПСТРУКЦИИ Претседателката Сиљановска-Давкова

23/09/2026
Македонија

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН

23/09/2026
Македонија

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд

23/09/2026
Македонија

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за

23/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната

23/09/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ

23/09/2026
Македонија

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е

23/09/2026
Македонија

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45760
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД ИРАЦИОНАЛНИ ОПСТРУКЦИИ Претседателката Сиљановска-Давкова го прими известувачот Томас Вајц

23/09/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент за земјава, Томас Вајц, придружуван од шефот

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН ПАРТНЕР Министерот Муцунски за впечатоците

23/09/2026

Во периодот од формирањето на новата администрација на претседателот Трамп, ние имаме засилени односи и постојана комуникација на сите нивоа

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд со 5:3 гласа ја отфрли

23/09/2026

Уставниот суд денеска не поведе постапка по иницијативата на Левица со која беа оспорени одредби од Изборниот законик поврзани со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy