Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За најкритичните пациенти со цистична фиброза лекот „трикафта“  ќе се набави најдоцна за еден месец
Македонија

За најкритичните пациенти со цистична фиброза лекот „трикафта“ ќе се набави најдоцна за еден месец

15/02/2023

AA

Владата ја информира јавноста дека се завршени административните процедури
кои беа потребни за итна набавка на лекот „Трикафта“ за најкритичните пациенти
кои боледуваат од цистична фиброза, и тоа во кус рок.
-Испораката на лекот „Трикафта“ за овие пациенти се очекува да биде извршена
од страна на добавувачот, во најбрз можен период, не подолг од 30 дена,
согласно процедурите за работа на самиот производител и добавувач, а врзани
со спецификите на самиот лек.

За оваа намена од Фондот за здравство минатата недела беа одобрени над 2,2
милиони евра, а во соработка со сите релевантни институции во изминатите
неколку дена беа завршени сите постапки со кои се овозможува непречена итна набавка на лекот „Трикафта“ за критичните пациенти кои боледуваат од цистична фиброза.


Дополнително во текот на денешниот ден во Владата ќе се одржи втор состанок
на посебното тело во кое се директно вклучени и институциите и претставници од
Асоцијацијата за цистична фиброза.
На денешниот состанок, во инклузивен и транспарентен процес, се очекува да се
финализираат потребните измени на законските решенија, со што ќе и се
овозможи на државата директно да преговара за набавка на лекот “Трикафта“ и
на овој начин да се обезбеди лекот за сите пациенти.
Со овие измени на постоечките законски регулативи, кои се очекува работната
група да ги заврши до крајот на неделата, се обезбедува системско решение,
бидејќи државата ќе е во можност преку директни преговори со производителот
на лекот да ја набавува потребната терапија, велат од Владата.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy