Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За МОН прифатливи барања на средношколците, освен за поместување на датумот за првиот екстерен испит и ни нуди компромис
Македонија

За МОН прифатливи барања на средношколците, освен за поместување на датумот за првиот екстерен испит и ни нуди компромис

27/03/2023

AA

Три од четирите барања на Сојузот на средношколци, кои пред десет дена ги усвои нивното Генерално собрание, се прифатливи за Министерството за образование и наука, соопшти претседателот на Сојузот, Лука Павиќевиќ, по средбата што попладнево ја имале со министерот Јетон Шаќири. Не е прифатливо само барањето за поместување на датумот за полагање на првиот екстерен испит од 27 мај за 3 јуни и од МОН им било понудено компромисно решение односно олеснување во бодувањето.

-Поради веќе утврдениот календар за одржување на учебната година, од логистички причини и поради претходен план, не беше прифатено нашето барање екстерниот испит да се помести од 27 мај на 3 јуни. Дополнителна компликација прави и православниот празник Духовден и продолжениот викенд. Но МОН како компромисно решение ни понуди намалување на обемноста на материјалот, што значи интервенција во бројот на поени – ако носи 100 да биде 80, интервенција во перцентилните рангови за оценка и по однос на други модалитети во однос на првиот екстерен испит, рече лидерот на Сојузот на средношколци.

Ова компромисно решение, рече Павиќевиќ, ќе го презентираат денеска на вонредна седница на Генералното собрание на Сојузот и делегатите ќе се произнесат дали го прифаќаат предлогот на МОН.

Нагласи дека Сојузот, сепак успеал, како што рече, за 75 отсто од нивните барања затоа што МОН се согласува да ги исполни останатите три барања.

За МОН е прифатливо барањето Владата да им препорача на универзитетите промена на соодносот на поени од испитите при упис на факултет односно наместо сегашните 24, екстерните да носат 20 поени, а интерните да носат 16 наместо 12 поени и проектната задача 4 поени.

-Второто барање е исто така прифатено – Владата да даде препорака до универзитетите првиот екстерен предмет – Мајчин јазик (македонски, албански и турски јазик) и литература да биде соодветен на сите универзитети. Освен што е дополнително олеснување на матурантите, претставува и државнички чин зашто се покажува грижа за мајчиниот јазик, рече Павиќевиќ.

Прифатено е и барањето наставниците да ги споделат материјалите за интерните испити и банките со прашања најдоцна четири недели пред денот на испитот и бројот на прашања во банките да биде три пати поголем од бројот на прашања на испитот.

Покрај Сојузот на средношколци, министерот Шаќири попладнево има средба и со претставници на ОДАС (Организација за дијалог и афирмација на средношколци и студенти) – организатор на протестот пред МОН на 17 март, кои, пак, имаат други барања во однос на државната матура – да се намали обемот на материјалот за полагање на државната матура или, како алтернатива, да се намали бројот на интерни испити.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy