
„За малку ќе го изгубев животот, оти службеничката ми рече да не се лигавам“, потресно сведоштво на струмичанка
Малку фалеше синоќа да го изгубам животот. Вака го започнува обраќањето на друштвените мрежи струмичанката Моника Тасевска.
„Синоќа потпирајќи се на СВР Струмица дека ќе ме заштитат, јас за малку не го изгубив животот. За пат од околу 8км на службениците од СВР Струмица им требаше скоро 1ч да стаса на местото на настанот“, пишува таа на друштвените мрежи.
Таа објавува и принт скрин од нејзиниот мобилен телефон на кој може да се забележат десетици итни повици кон броевите 112 и 192 (полиција).
„А “службеничката” од ку*ка која слушеше се на тел додека бев нападната, а знаеше дека се работи за лице веќе во неколку наврати ме има нападнато и ми викаше да не се лигавам, сакам да ја видам во лице и да ја прашам дали фрактури на главата, лице, нос, вилица, јаболчинци е лигавење?“, додава струмичанката.
