Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За Македонците Србија и натаму е безбедна земја, не се плашат да патуваат по немилите настани
Регион

За Македонците Србија и натаму е безбедна земја, не се плашат да патуваат по немилите настани

01/06/2023

AA

Во мај месец се
случија два масакри во Србија, при што веста за овие трагични настани ја
пренесоа не само медиумите во регионот, туку и пошироко.

Дури и Гардијан
ја пофали брзата реакција на српскиот претседател Александар Вучиќ кој нареди
разоружување на населението за да се спречат трагедии во иднина.

Српскиот експерт
за безбедност, Божидар Спасиќ вели дека масакрите нанесоа удар на безбедноста
во земјата, но објаснува дека тоа се изолирани и неорганизирани злосторства на
поединци, со што вкупната безбедносна ситуација во Србија не е нарушена.

„Странците секако
ги следат сите случувања во светот, па и во Србија и овие злосторства се
сместуваат во оние кои секаде се случуваат и секаде можат да се случат.
Странците исто така ја воочија и ефикасноста на српската држава во
постзлосторничките настани и тоа се цени. Овде мислам на брзото апсење на
убиецот, помагачите или на било кој начин поврзаните со убиството. Генерално,
ова што се случи во Србија не ги разниша проценките дека е Србија безбедна
земја, а тоа го покажуваат примерите дека не се откажуваат, туку се закажуваат
туристички аранжмани од странците за нашата земја. Едноставно се случија
настани какви се случуваат секојдневно во САД и во други земји во светот и во
тој контекст треба да се гледа фактот дека  Србија е тажна и бесна поради тоа
злосторство, а никој не можеше да даде проценка дека тоа ќе се случи затоа што
извршителите се непредвидливи, а нивните жртви се не само наивни деца, туку и
мети кои во светот на тероризмот не можат да се предвидат“, вели Спасиќ.

Ги прашавме
граѓаните, дали овие настани придонесуваат да сметаат дека земја како Србија е
небезбедна. Одговорот на повеќето граѓани е ниту едно општество не е имуно на
насилство.

„Не би рекла дека
земјата е небезбедна. Тоа не е ништо чудно, може секаде да се случи да има
убиство“, вели Аница Стојковска, граѓанка.

Луѓето
објаснуваат дека во многу земји во светот имало масакри и напади.

„За мене лично,
не би рекла дека масакрите придонесуваат да мислам дека некоја земја е
небезбедна. Тоа може секаде да се случи. Јас често одам во Босна, имам ќерка
таму, така што поминувам низ Србија“, вели Даца Н. граѓанка.

Сметаат дека
родителите треба повеќе внимание да посветат на младите, затоа што извршителите
на масакрите во Србија, беа момче од 13 и момче од 21 година.

„Не знам како да
кажам, но тоа не е убаво. Мене тоа ми влијае ако слушнам дека некаде имало
масакр. Порано бевме побезбедни и послободни, но сега веќе не е така“,  вели Зорица М. граѓанка.

Tуристички видич
од внатрешноста на Србија, објаснува дека ова е чувствителна тема, но дека ниту
еден странски турист не споменал ништо во врска со масакрот кој се случи во
училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, каде момче уби 10 луѓе и рани
неколку лица.

„Тоа не влијае.
Во секоја држава може да се случи таков морбиден настан, но и во секое стадо
има по една црна овца, така што не можеме сите луѓе да ги оценуваме исто“, вели
Божена Вељковиќ, туристички водич кој живее во Белград.

По масакрите,
имаше и престрелка во Белград, каде македонски држјанин кој се нашол на местото
на инцидентот, се здоби со повреди и заврши во болница.

Сања Атанасовска

foto EPA

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44915
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне во несреќата кај Радишани, во

08/08/2026

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што превезувало пилиња

08/08/2026

Комбе со македонски регистарски таблички се запали утрово во близина на патот што води кон Кемиштај, кај Лушња, Албанија. Возилото

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy