Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗА ЛАЖНИТЕ ПОТВРДИ ЗА БУГАРСКО ПОТЕКЛО:  Почна истрага за градоначалничката на Булќиза
Регион

ЗА ЛАЖНИТЕ ПОТВРДИ ЗА БУГАРСКО ПОТЕКЛО: Почна истрага за градоначалничката на Булќиза

12/01/2024

AA

Се шири истрагата за издавањето на лажни потврди за бугарско потекло во Албанија. Албанскиот Висок инспекторат за пријавување и контрола на имот и судир на интереси (ИЛДПКИ), информираше дека е почната управна истрага за градоначалничката на Булќиза, Фестиме Мјештри.

„Откако темелно го разгледавме барањето на пратеничката во албанскиот парламент Дурата Чупи, одлучивме да почне истрага на проверка, постапување и решавање на сомнителниот случај на судир на интереси при вршење на должноста на градоначалничката на Булќиза Фестиме Мјештри“, се наведува во известувањето.

Одговорот на барањето следува откако Чупи истото го достави во вторникот, 9 јануари.

„Врз основа на состојбата на незаконитост и судир на интереси во општина Булќиза, денеска побарав од Високиот инспекторат итно да започне управна истрага, за да се констатира состојбата на судир на интереси меѓу градоначалничката на Булќиза и администраторот на Острени, Љуан Мјештри, кого го назначила таа, а се сестра и брат, како и да преземе други казнени мерки согласно со закон“, наведува меѓу другото Чупи во барањето.

Истражувачката емисија Фикс Фаре, пред неколку недели докажа колку е лесно да се купи потврда за бугарско потекло во Острени и Булќиза, без разлика од кое потекло сте. За 100.000 леки новинарите купиле две такви потврди со печат и потпишани од администраторот на Острени, Љуан Мјештри, потсетува телевизијата.

По емисијата, полицијата ги уапси Мјештри (62) и А. Л. (33) раководител на секторот за социјалната заштита и двајцата жители на Острени, како и Фитим Бала (61) жител во Требиште, со функција секретар на Советот на општина Булќиза, рударско гратче кое се наоѓа на албанско-македонската граница, на дваесеттина километри од Дебар.

Тројцата на итна седница на Советот беа разрешени, а судот во Пешкопеа им изрече мерка притвор.

Дел од советниците тогаш побараа оставка од градоначалничката Мјештри, која е од Социјалистичката партија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy