Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зајкова: Ваучери за „Среќен почеток“ за секое прваче и секој средношколец, бесплатен оброк и екскурзии
Македонија

Зајкова: Ваучери за „Среќен почеток“ за секое прваче и секој средношколец, бесплатен оброк и екскурзии

31/03/2024

AA

Бесплатен оброк и едукативни екскурзии за сите ученици, парични ваучери за почетокот на учебната година ќе бидат приоритет во нашиот мандат бидејќи младите заслужуваат европско образование, рече Моника Зајкова, претседателка на Либерално-демократската партија и коносителка на Изборната единица 1 на промоцијата која се одржа денеска на Програмата за европска иднина и кандидатите пратеници за претстојните избори на Европската коалиција.

⁠- Инспирирани од успешното имплементирање на студентскиот оброк, кој го користат околу 29.000 студенти, а беше имплементиран по иницијативата на ЛДП, сметаме дека бесплатен оброк е потребен за сите ученици во основните и средните училишта. Воедно ја зголемува сумата на студентскиот оброк во висина од 20% од растот на минималната плата. Дополнително, се планира воведување на бесплатен јавен превоз за младите лица, од прво одделение сè до дипломирањето, додаде таа на промоцијата на Програмата за европска иднина, посочувајќи на низа мерки дизајнирани да ги подобрат условите и можностите за учениците и студентите во Македонија.

За подобрување на стандардот на учениците, Зајкова предлага ваучери под името „Среќен почеток”, во износ од 6.000 денари за секое прваче и 9.000 денари за секој нов средношколец.

-Училишниот бонус од 3.000 денари ќе помогне на учениците да се опремат со неопходните училишни материјали и помагала, пред почетокот на училишната година. Исто така, коалицијата ќе овозможи бесплатни едукативни екскурзии за учениците, со цел подобро запознавање со културно-историското богатство на Македонија, запознавање на регионот, и Европската Унија. Ова вклучува патувања во петто и деветто одделение, како и за матурантите, рече Зајкова.

Укинувањето на студентските такси и отворањето на младински центри во секоја општина се дел од обемната стратегија на Коалицијата за поддршка на младите.

Според претседателката на ЛДП сигурноста и безбедноста во училиштата, исто така, се висок приоритет, а Зајкова најави и мерки за грижа на менталното здравје на младите, превенција и строги санкции за врсничкото насилство.

-Здрава младина и млади генерации со свој став, гласни и одлучни за своите права, се нашата цел,” додава Зајкова, потенцирајќи дека мора да обезбедиме иницијативи за поттикнување на претприемачкиот дух меѓу младите и да создаваме правна сигурност и силна економија каде што тие можат да имаат напредок.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy