Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зајкова: Немаме едукација од најрана возраст и родовата еднаквост ја третираме како феномен
Македонија

Зајкова: Немаме едукација од најрана возраст и родовата еднаквост ја третираме како феномен

03/03/2023

AA

Домаќинките беа повикани да замесат леб, но не гледам проблем и мажот да замеси леб, особено не, во ваква глобална транзиција каде што жената и економски придонесува колку и мажот, можеби и повеќе во некои семејства, каде што и таа паралелно одговара на сите современи општествени текови, рече пратеничката и претседателка на ЛДП, Моника Зајкова во “Аргумент плус” на ТВ 24.

– Немаме едукација од најрана возраст и родовата еднаквост сеуште ја третираме како некаков феномен за којшто треба да зборуваме, за жал живееме во време на патријахалните родови и имаме  општество полно со стереотипи коишто треба да ги надминуваме, едукацијата од најрана возраст за тоа што значи родова еднаквост и човекови права треба итно да се внесе во училишните програми. Не треба да живееме како во некој минат век, каде што на жените не им давале ни да се образуваат. Како  општество само низ едукација може да работиме на промена на свеста, а не чека уште долга работа и нас политичарите, и граѓанскиот сектор и на секој еден којшто придонесува во општество, вели таа.

Според Зајкова треба да се работи на медиумската писменост, затоа што не може да допуштиме да произлегуваат наслови како: “жените треба да ги засукаат ракавите”.

– Се согласувам дека секоја жена е важна и секоја жена треба да биде заштитена. И како општество мора многу да работиме на тоа. Пред се, тргнувајќи можеби лично од себе. Да, точно е дека ние како политичари треба да имаме повисок праг на толеранција, меѓутоа не знам до каде треба да оди тој праг. Секогаш жената ќе биде најголем предмет на напади, на онлајн вербален напад, па и најчесто тие вербални напади после преминуваат и во дело на напад. Се трудиме да преземеме низа на законски решенија, стратегии меѓутоа, гледаме дека и покрај тие низа на закони, стратегии, решенија, се уште жената се соочува со насилство, додава таа.

Во однос на неказнивоста Зајкова вели дека, голем дел од жените, особено во руралните средини, од страв од стигмата не се осмелуваат да пријават кога се жртва на вербален или физички напад.

– Ние сведочиме на секаков тип на насилство. Кога ќе видите, тргнувајќи од социјалните мрежи, коишто се еден нерегулиран простор, па се до секојдневното општествено живеење. Покрај жените тука ќе потенцирам и за ЛГБТ заедницата, за тоа што тие категории на граѓани, никој како да не ги третира и дури и се случува и често, а и внатре во институциите а и во законодавниот дом да се заборави дека имаме и други ранливи категории на граѓани, како Ромите, лицата со попреченост и др.- вели Зајкова.

– Истрагите ги води јавното обвинителство, процесите ги води судот. Сепак неказнивоста е  поврзана сo она горливо прашање коешто го мачи целото општество, а тоа е функционалноста на правосудниот систем и ниската доверба на граѓаните во него, коешто токму произлегува баш од ваквите работи, затоа што сите говорат дека пријавиле или алармирале, а завршница на постапките нема, додава Зајкова.

Според неа постојат многу голем број на механизми коишто можат да се искористат за почетна реформа во правосудниот систем.

– Треба да се научиме да пријавуваме. Во поглед на застареност на кривичните дела имаме модел од Хрватска којшто многу успешно го решава застарувањето каде што стриктно наведува, кои кривични дела, каде што се вклучително делата од корупција како злоупотреба на службена положба на овластување, на којшто најчесто подлежат носителите на јавни функции, Не застаруваат или бараат поголем број на години за апсолутна  застареност во однос на останатите кривични дела. Има низа на механизми но, треба политичка волја и консензус, бидејќи работите, сами нема да се менуваат и не е целта некој да ја започне реформата, другиот да ја блокира, па после обратно и така да се вртиме во круг, заклучува Зајкова.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy