Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зајкова бара забрана за Тик Ток и други социјални мрежи, вели поттикнуваат насилство
Македонија

Зајкова бара забрана за Тик Ток и други социјални мрежи, вели поттикнуваат насилство

06/05/2023

AA

Наместо да седиме шокирани и тивко да тагуваме и коментираме на социјалните мрежи на време да реагираме и да дејствуваме со конкретни превентивни мерки и акции, посочи денеска на 16-тиот Конгрес на Либерално-демократската младина, претседателката на ЛДП и пратеничка, Моника Зајкова.

Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на убиените лица и ги осудам крвавите масакри во Србија. Оваа спирала на насилство извршена од млади лица мора да го вклучи црвениот аларм и кај нас и потребно е преземање на итни и ефикасни превентивни мерки за да се спречи врсничкото насилство, грозоморните слики од убиени и повредени, истакна таа.

Либерално-демократската партија, како што информираше, има низа предлози кои ќе ги достави и до Владата.

-Иницијативите се однесуваат на најостра контрола на издавањето и поседувањето на огнено оружје, проверка кој се поседува оружје, контрола и забрана малолетни лица да вежбаат во стрелишта и казни за родителите кои ги мотивираат децата да ракуваат со вакви убиствени направи, информира ЛДП.

Министерство за правда да ја разгледа состојбата и предложи заострување на казнената политика со намалување на возраста за кривична одговорност согласно европското законодавство и практики, како и поголема контрола во училиштата и ангажирање на психолози и педагози за превенирање на булингот во образовниот процес.

-Особено е потребна е забрана на „Тик-ток“ како и останатите социјални мрежи кои поттикнуваат насилство бидејќи и во нашата земја сведочевме на жртви од користењето на овие мрежи. Забрана и контрола на симнување на игри, содржини и апликации кои експлицитно покажуваат и поттикнуваат насилство. Исто така, преглед и контрола на филмови кои можат особено кај помладите луѓе да поттикнат насилство, манипулативно да бидат употребени во пропагандистички цели со величење на насилството, рече Зајкова.

Таа напомена дека ова нема да значи цензура на уметноста. Имаме примери европа – Франција формираше Комисија за категоризација на филмови, која годишно прегледува околу 600 филмови, и проценува дали содржината на филмот, па дури и анимираните филмови, не се штетни за децата и не поттикнуваат насилство кај децата, укажа Зајкова.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ И СО САД Мицкоски од

25/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ги претстави трите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy