
Зајков заврши во болница на снимање!
Македонскиот селектор Благоја Милевски по мечот посочи дека Зајков е на пат кон болница за да направи магнетна резонанца, по што точно ќе се знае за што се работи, со надеж дека не е ништо сериозно.
„Ѓоко е на пат кон болница да направи магнет, а се надевам и посакувам дека не е ништо посериозно“, рече Милевски.
Зајков имаше нов одличен настап за Македонија и откако фати континуитет со настапи во Романија игра како препороден, па целава година е незаменлив во нашата дефанзива.
