
За коридорите 8 и 10д: „Бехтел и Енка“ добија 16,5 милиони евра
Во јули преку Јавното претпријатие за државни патишта на конзорциумот „Бехтел и Енка“ му биле исплатени над 1 милијарда денари, односно 16,5 милиони евра, за изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10д.
Според извештајот за напредок на работите, изведувачот продолжил со геотехнички истражувања, проектирање, експропријација, истраги за неексплодирани убојни средства, како и со градежни активности на делниците Тетово–Гостивар, Гостивар–Букојчани и Прилеп–Битола.
Моментално се работи на пет мостови, четири надвозници и два подвозници. На терен се ангажирани повеќе од 2.000 работници и над 1.000 градежни машини.
Заклучно со јули, од почетокот на 2025 година кон изведувачот се исплатени околу 45 милиони евра, додека вкупните исплати досега надминуваат 261 милион евра.