
За колку поскапе минималната потрошувачка кошничка?
Потрошувачката кошничка во јули чинела 48.620 денари и е зголемена за 441 денар.
На едно четиричлено семејство му биле потребни 48.620 денари за покривање на минималната синдикална кошница. Како што објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), 20.004 денари или 44,6 отсто од потрошувачката кошничка се за исхрана и пијалаци, а потоа 13.664 денари, за домување, односно 30,46 отсто од потрошувачката кошничка.
Понатаму, 3,247 денари или 7,24 отсто се трошат за хигиена, 3,720 денари или 8,29 отсто за превоз, 2.327 денари за облека и обувки, 1.068 денари за култура и 822 денари за одржување на здравје.
Вообичаено, ни со две минимални плати, не може да се покрие минималната кошничка.
foto freepik.com/kwangmoop