Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗА КОЈА ВОДА МАКЕДОНЦИТЕ ПЛАТИЈА 7 МИЛИОНИ ЕВРА? Се бара и пие од 1968 година до сега!
Економија

ЗА КОЈА ВОДА МАКЕДОНЦИТЕ ПЛАТИЈА 7 МИЛИОНИ ЕВРА? Се бара и пие од 1968 година до сега!

11/03/2025

AA

„Пелистерка“ е најстар и најпознат домашен производител на вода во амбалажа. Лани имаа исклучително добра година затоа што успеаја во услови на одржување исти приходи од продажба преку кратење на оперативните и на финансиските расходи да ја зголемат добивката за 3,5 пати.

Најпознатиот македонски бренд меѓу флашираните води лани успеа да оствари приходи од 7 милиони евра, покажуваат официјалните неревидирани финансиски податоци на „Пелистерка“ најстарата и веројатно најпопуларна македонска газирана вода.

Според податоците објавени на СЕИ НЕТ берзанскиот систем „Пелистерка“ го задржала своето пазарно учество на домашниот пазар, а во меѓувреме успеала да го зголеми извозот за речиси три пати во споредба со 2023 година.

На домашниот пазар „Пелистерка“ пласирала освежителни и безалкохолни пијалоци, најмногу вода (мирна и газирана) во вкупна вредност од 6,85 милиони евра. Извозот на „Пелистерка“ и покрај тоа што е симболичен во однос на домашниот пласман и изнесува 1.500 евра, сепак бележи значаен раст во споредба со претходната година.

Компанијата лани остварила значаен раст на добивката благодарејќи на тоа што ги скратила своите трошоци. Податоците покажуваат дека вкупните оперативни расходи изнесуваат 5,95 милиони евра и се за 4 отсто пониски од 2023 година. Кај трошоците за суровини и материјали заштедата е најголема. Тие изнесуваат 2,89 милиони евра и се за 17 отсто пониски од претходната споредбена година. Интересно е што компанијата ги намалила и трошоците за своите вработени и тоа во услови кога генерално растат трошоците за вработените кај голем број компании. За нив „Пелистерка“ лани платила 720.000 евра што е за 17 отсто помалку од претходната споредбена година.

Најголем раст има кај останатите расходи, тие лани достигнале 908.000 евра и се за 2,25 пати повисоки од 2023 година.

Оперативната добивка изнесува 922.000 евра, но поради значајните издатоци за финансиски расходи (кои се за 28 отсто пониски од 2023 година н.з.) нето добивката изнесува 603.000 евра.

Тука е важно да се истакне дека воспоредба со 2023 година профитот на „Пелистерка“ е зголемен 3,5 пати и надминува 603.000 евра.

Н.С.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy