
ЗА ХРАНА И ПИЈАЛАЦИ СЕ ТРОШАТ НАД 23.000 ДЕНАРИ: Mинималната кошничка пак поскапела
Минималната синдикална кошница за февруари изнесува 63.773 денари и зголемена е за 521 денар во однос на јануари.
Пресметките на Сојузот на синдикати(ССМ) за минималната синдикална кошница покажале дека таа изнесува 63.773 денари. Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, кошничката изнесува 79.148 денари. Едно четиричлено семејство за храна и пијалаци треба да одвои 23.427 денари или 36,7 отсто, за облека и обувки 5,800 денари, за станарина, вода, електрична енергија и греење 6,096 денари или 9,6 отсто.
Претходно, премиерот Христијан Мицкоски тврдеше дека во кошничката има производи кои се чудни, како цигари, нес кафе, но додаде и дека во јануари не пробал кајсии, праски, лубеница. Минималната кошничка одамна надмина 1.000 евра. Граѓаните чекаат информација за колку ќе се зголеми минималната плата во март.
foto freepik.com
