За една недела 43 нови случаи на голема кашлица, најголем број се деца од 10 до 14 години!
За само една недела, односно од периодот од 08-14.03.2024 година пријавени се 43 нови случаи на голема кашлица.
Најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје, а пријавени се случаи и во Тетово, Гостивар и Битола.
Возраста на заболените се движи од 0 до 40 години, а најголем број на случаи се од возрасните групи деца од 10-14 години.
Заклучно со 14.03.2024, во РСМ се регистрирани вкупно 216 случаи на голема кашлица, со инциденца од 11,8/100 000 жители.
Од вкупниот број на регистрирани случаи (216), 122 случаи (односно 5,05%) не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација.