Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За еден ден фатени тројца предизвикувачи на пожар
Магазин

За еден ден фатени тројца предизвикувачи на пожар

21/09/2025

AA

МВР денес соопшти дека лишиле од слобода три лица кои предизвикале палење и пожари во скопско, струмичко и во тетовско подрачје.
 
Имено, полициски службеници од ПО Групчин го лишиле од слобода Н.И.(70) од с.Чифлик, постапувајќи по претходна пријава дека тој, додека ја чистел неговата нива на местото викано „Ливада” на стариот пат од с.Чифлик за с.Ларце, ја запалил собраната сува трева и предизвикал пожар, кој потоа бил изгаснат. Н.И. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
 
Истиот ден  во село Василево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Е.А.(42) од село Василево, струмичко. Тој се сомничи дека  подметнал пожар на место викано „Џидет“, во атар на село Василево, во кој била зафатена нива со сува вегетација. Од страна на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. 
 
Исто така истиот ден,  полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Г.(35) од с. Кондово, скопско, затоа што во Кондово, со употреба на бензин, го запалил патничкото возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ш.Ѓ.(51) од с. Кондово. СВР Скопје против А.Г. поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по член 288 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026
Македонија

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026
Македонија

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026
Македонија

Водата во Крушево е чиста на второто тестирање, но забраната

27/07/2026
Македонија

Осумдневен притвор за Словенец кој физички ја нападнал девојката во

27/07/2026
Македонија

Истрага против четири лица во Скопје за дрога – запленети

27/07/2026
Македонија

Собранието го усвои Дополнителниот ребаланс на Буџетот за 2026: Повеќе

27/07/2026
Македонија

Цените на нафтата значително паднаа

27/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44701
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Водата во Гостивар остана техничка, скептицизмот кај граѓаните останува

27/07/2026

По десетдневна принудна пауза, водата во Гостивар од денеска може да се користи за лична хигиена и чистење во домовите,

Во Струга сте? Угостителите ќе имаат продолжено работно време

27/07/2026

Угостителските објекти во Струга ќе работат еден час подолго во летниот период, додека за претстојниот празничен викенд работното време ќе

Вандализирани просториите на КУД „Српски вез“ во Куманово

27/07/2026

Просториите на културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово биле мета на вандалски чин, при што објектот е оштетен, а на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy