Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За две третини од граѓаните родот не е променлива категорија – 60 отсто не би поддржале такво законско решение
Македонија

За две третини од граѓаните родот не е променлива категорија – 60 отсто не би поддржале такво законско решение

09/04/2023

AA

Близу две третини од граѓаните сметаат дека родот не е променлива категорија и дека тоа не зависи од личното чувство на човекот, покажува последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според неа, 64,7% од граѓаните сметаат дека родот не е променлива категорија во која има повеќе родови во зависност од личното чувство на поединецот, односно дека постојат само мажи и жени. 17,3% од анкетираните велат дека родот сепак е променлива категорија во која секој може да се чувствува како што сака.

Точно 57,3% од анкетираните велат дека не би поддржале закон кој ќе гарантира еднакви можности на секој поединец без разлика на полот и родовиот идентитет вклучувајќи ги и трансродните и не бинарни лица. 18,6% пак немаат проблем да поддржат вакво законско решение.

Наспроти овие ставови, граѓаните немаат проблем со поддршка на законски решенија кои нудат еднакви можности и на мажите и на жените. Три четвртини од нив или 75,8% велат дека би поддржале законско решение кое ќе гарантира еднакви можности на секој поединец без разлика на полот, додека 11,5% не би дале поддршка.

Нема големи разлики меѓу ставовите на Македонците и етничките Албанци по ова прашање. 73% Македонци даваат поддршка, а 12% се против. Кај етничките Албанци поддршка даваат 84,5% а против се 9,8%.

Мнозинството граѓани се на ставот дека воведувањето на можноста родот да може да се менува според личното чувство на поединецот ги уназадува правата на биолошките жени. Вака размислуваат 42% од анкетираните додека 21,6% сметаат дека нивните права ќе останат исти.
Само 3,3% од граѓаните сметаат дека со воведувањето на можноста секој родовата определба да ја дефинира според личното чувство ќе ги унапреди правата на биолошките жени.
Над три четвртини од граѓаните или точно 75,7% се против можноста трансородвите биолошки мажи кои се идентификуваат како жени да учествуваат во женски спортски натпревари додека 7,3% се за.

Граѓаните се поделени околу потребата од сексуално образование во училиштата иако
мнозинството даваат поддршка за оваа идеја. 49,9% се на ставот дека треба да има сексуално образование додека 37,3% сметаат дека не треба. Поделеноста доаѓа од дијаметрално спротивставените ставови на Македонците и етничките Албанци. Додека 55% од Македонците сметаат дека треба да има сексуално образование во училиштата, 52,8% етнички Албанци сметаат дека не треба да се воведува сексуално образование за учениците. 33,7% Македонци се против сексуално образование, а кај етничките Албанци поддршка за сексуално образование во училиштата даваат 29%.
Но, кога во сексуалното образование би се вклучиле и теми за ЛГБТИ+ лица како и трансродни и не бинарни родови идентитети тогаш огромно мнозинство граѓани се против. Во таква ситуација 69,4% од граѓаните се против ваков вид на сексуално образование додека само 16,4% даваат поддршка

Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена од 28 февруари до 3 март оваа година врз репрезентативен примерок од 1107 испитаници.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ И СО САД Мицкоски од

25/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ги претстави трите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy