
За два денари поскапува бензинот!
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ да се зголеми за два денара.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

