Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За дообразование преку „Втора шанса“ досега пријавени 107 лица
Македонија

За дообразование преку „Втора шанса“ досега пријавени 107 лица

27/02/2023

AA

На Јавниот повик до невработените лица за пилот мерката „Втора шанса“ за дообразование, објавен на 31 декември 2022 година, досега се пријавиле 107 лица, а вкупниот опфат е 200. Најголем интерес е покажан за електромашинска, угостителска и прехранбена струка.

Како што истакна министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на денешната работна средба за оваа мерка, осма по ред како дел од ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“, целта е вклучување на што поголем број ранливите групи невработени со основно и незавршено средно образование да го дооформат своето образование и тоа во формалниот систем на образование, пред се средното стручно, со цел задоволување на потребата на реалниот сектор од квалификувана работна сила.

-Очекуваме дека по оваа и воедно последна регионална средба тука во Скопје, а притоа имајќи во предвид дека Град, општина со најголем број на жители, е Скопје, да има најголем број пријавени од тука, и планираниот опфат од 200 лица во целост да се реализира. Со тоа уште еднаш да се потврди прагматичниот и системски пристап на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување и други релевантни институции во справување со невработеноста во земјата, рече Тренчевска на состанокот кој се одржа во Средното угостителско училиште „Лазар Танев“.

Таа при тоа изрази жалење што при обиколката на кабинетите во ова училиште најголем дел од учениците кои се подготвуваат за готвачи и за угостителската струка, изјавиле дека својата кариера ја гледаат надвор од земјава.

-Поминав низ кабинетите во училиштето и учениците кои се овде, а верувам дека и во сите други стручни училишта е така, дека кабинетите се добро опремени. Но она што како кретаори на политиките или како министерка за труд ме стави во мисла е дека најголем дел од децата кои што завршуваат средно стручно образование својата иднина сакаат да ја побараат надвор од државата. Нашата инвестиција во системот на образование на децата е голема, и треба и како Агенција и како Министерство, особено и Министерството за обарзование и Министерството за економија да работиме на задржување на нашите млади овде. Верувам дека мотивот да останат овде ќе бидат сигурно поголемите плати со оглед на плата што овие млади лица ја добиваат во странство. Сите заедно како институции во наредниот период мора да се посветиме на тоа да го намалиме одливот на нашите млади кадри во земјите од ЕУ и да си ги задржиме овде, затоа што тие се иднината на државата, рече Тренчевска.

Штефан Худолин, шеф за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје, појасни дека причината за нивна влучленост во проектот е дека и покрај одредени подобрувања во однос на зголемување на вработените, се уште постои расчекор во однос на потребите на пазарот на трудот и на кадрите кои ги создава образовниот систем.

-Во услови на брзо променлива средина ова е предизвик не само овде, туку и секаде во светот бидејќи креаторите на политики треба да креираат образование за занимања кои се уште не постојат, а за кои ќе има потреба во иднина, за десетина година. Делегацијата на ЕУ значајно и помага на земјата во справување со предизвиците и во однос на образованието и во однос на пазарот на трудот, преку проекти како „Втора шанса“, со кој не само што се подобрува вработливоста на луѓето, туку истовремено носи и други бенефиции кои не се лесно мерливи, но се многу важни, а тоа се личната сатифакција, самодовербата и социјалната инклузија. Се надевам дека ќе имаме резултати кои сите ги очекуваме, рече Худолин.

Директорот на Агенцијата за вработување Беким Мурати нагласи дека ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“ се спроведува од Агенцијата веќе трета година за што се обезбедени три милиони евра од ЕУ, околу 350 илјади од националното кофинансирање и 841 илјада евра од буџетот на АВРСМ. Целна група се корисници на гарантирана минимална помош, млади до 29 години, Роми, жени, лица со попреченост, и долгорочно невработени лица (над 12 месеци)

Според податоците на Агенцијата за вработување, заклучно со 31 јануари 2023 година од вкупниот број од 112 илјади невработени лица, скоро девет проценти се со незавршено средно образование. Мурати информира дека за имплементација на оваа пилот програма ќе бидат вклучени установи за стручно образование кои ќе добијат надомест од најмногу 30.750 денари по лице, а ќе се реализира во период од 12 месеци. Заинтересираните невработени лица можат да аплицираат до 30. центри на Агенцијата, а огласот е отворен за пријавување до исполнување на предвидениот опфат од 200 учесници.

„Втора шанса“ годинава се реализира како пилот – програма, а од следната година ќе биде вклучена во оперативниот план на АВРСМ и на МТСП.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
Македонија

Силјановска-Давкова: Вапцањето јајца е повеќе од традиција – тоа е

11/04/2026
Македонија

ВИДЕО Благодатниот оган се појави во Светиот гроб во Ерусалим

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЛОВЕШЕ БЕЗОБЅИРНИ ВОЗАЧИ Приведени двајца пијани и десетмина без

11/04/2026
Македонија

Три лица приведени за семејно насилство во последното деноноќие

11/04/2026
Македонија

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42384
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник и двајца малолетници, возачот без

11/04/2026

Полицијата приведе тројца млади лица откако во автомобил на локалниот пат кон Камењане било пронајдено повредено куче, за кое постои

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и сплотеност за Велигден

11/04/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со велигденска порака повика на мир, надеж и семејна сплотеност, нагласувајќи ја симболиката на традиционалното вапцање јајца

Силјановска-Давкова: Вапцањето јајца е повеќе од традиција – тоа е семејна блискост

11/04/2026

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова упати порака до граѓаните по повод Велигден, нагласувајќи ја симболиката на традиционалните обичаи и нивното значење за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy