
ЗА ДОБРИ БРОЈКИ, УШТЕ ПОДОБРА ПЛАТА – директорот на „Мерцедес“ лани инкасираше над шест милиони евра
Директорот на „Мерцедес“ Ола Келенијус минатата година доби плата која се мери во милиони долари и бонуси за добар бизнис, иако нешто помалку од 2021 година.
Келениус добил вкупно околу 6,11 милиони евра, објави „Мерцедес“, триесет илјади помалку од претходната година, пренесува ДПА.
Фиксната плата му била 1,73 милиони, а варијаблите кои зависат од исполнувањето на целите биле 3,86 милиони евра. Келениус заработил значително повеќе од неговите колеги во менаџментот на компанијата. Другите менаџери имале плата од 3,1 до 3,6 милиони евра.
„Мерцедес“ лани продаде значително повеќе луксузни возила и ја зголеми заработувачката за една третина, на околу 14,8 милијарди евра, поради поскапувањето.
(Извор: ДПА)
Фото: Фејсбук

