Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗА ЧЕТИРИ ДЕНА:  ЕСМ купи струја за над 1,6 милиони евра
Економија

ЗА ЧЕТИРИ ДЕНА: ЕСМ купи струја за над 1,6 милиони евра

07/11/2023

AA

ЕСМ за четири дена во текот на октомври купил електрична енергија од приватни снабдувачи за околу 1,66 милиони евра, покажуваат резултатите од јавните повици за минатиот месец.

Се купувала електрична енергија за потребите на универзалниот снабдувач во деновите на 14-ти, 15-ти, 17-ти и 18-ти октомври, а биле прифатени понуди на осум оператори, а цените достигнувале и до 160 евра од мегаватчас.

Данске Комодитис наплатил најмногу – 514.000 евра, а ГЕН-И следува со 451.000 евра. ЕТМТ е на третото место со 250.000 евра. Купувана била струја уште и од Енерџи Фајненсинг Тим,  ХСЕ Мак Енерџи, Соле 24, Универзал Енерџи и Дуферко.

Раководството на РЕК Битола непосредно пред отпочнувањето на грејната сезона нагласи дека ремонтите на блоковите 1 и 2 се завршени и дека до крајот на месецот сите три блокови ќе бидат во погон. 

ЕСМ во текот на јули и август купи електрична енергија на слободниот пазар за сума од 7.625.000 евра во летен период кога вообичаено се продаваат вишоци, наместо да се купува увозна струја. Електричната енергија беше купена преку четири повици објавени од ЕСМ Продажба, а се купувало од речиси истите снабдувачи. Купувањето на електрична енергија продолжи и во септември, но со незначителни количини.

Купувањето на електрична енергија е вообичаено за зимските месеци, односно во текот на грејната сезона кога ЕСМ нема доволни произведени количини за да му ги предаде на универзалниот снабдувач на домаќинствата и малите потрошувачи.

АД „Електрани на Северна Македонија“, во текот на минатата година купи електрична енергија од слободниот пазар како надополнување за недоволното производство во висина од 51 милиони евра.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy