Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зајакнување на поддршката за Украина – ветување од Минхенската конференција
Македонија

Зајакнување на поддршката за Украина – ветување од Минхенската конференција

19/02/2023

AA

Зајакнување на поддршката за Украина, една година по руската агресија, потребата од заштита на меѓународниот поредок и нормите на кои се темели, ревизија на безбедносната структура, стравувањата за сојуз меѓу Кина и Русија, но и потребата од стабилност во поединечните региони во светот, меѓу кои и Западен Балкан, беа дел од темите на кои се осврнаа учесниците на 59. Минхенска безбедносна конференција вчера и завчера во Минхен.

Безбедноста изминатите два дена беше разгледана од повеќе аспекти во хотелот „Бајеришер хоф“ во Минхен на Конференцијата, која завршува денеска, а на која учествуваат над 450 светски лидери и носители на одлуки на високо ниво, вклучувајќи шефови на држави, министри, лидери на меѓународни организации и невладини организации, како и претставници од бизнисот и граѓанското општество.

Како што јави известувачот на МИА од Минхен, учесниците дебатираа за безбедноста во светло на војната во Украина, но и од аспект на енергетиката, економијата, храната, водата, заштита на животната средина. Хибридните закани и кибер нападите имаа посебен третман на неколку панели, но опасноста од нив беше споменувана во речиси сите дискусии, во кои се правеше анализа на улогата на светските сили, САД, Велика Британија, Германија, Кина денес, како и на улогата на НАТО, ОН, ЕУ, останатите меѓународни чинители во заштита на меѓународниот поредок.

Премиерот Димитар Ковачевски, кој ја предводеше владината делегација на Северна Македонија на Минхенската конференција, во чиј состав беше и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, учествуваше на тркалезната маса посветена за земјите од Западен Балкан и важноста од евроинтегративниот процес во услови на новите геополитички превирања.

– Северна Македонија има јасен став во својата надворешна политика и не постои алтернатива на меѓународната соработка во однос на безбедносните прашања, изјави за МИА Ковачевски вчера при пристигнувањето на Конференцијата, појаснувајќи дека земјава учествува во мировните мисии на НАТО, на ОН и истовремено претседава со ОБСЕ.

– Тоа се гледа и од нашите приоритети каде што клучен приоритет е Украина, меѓутоа и сите други области каде што постои потреба за унапредување на мирот и безбедноста, изјави Ковачевски и потенцира дека овогодишната Минхенска конференција доаѓа во еден исклучутелно значен момент, а клучни тема на неа се безбедноста во Европа во светло на војната што се води во Украина.

На серијата средби кои ги имаше со преставници на ЕУ и нејзините земји-членки Ковачевски добил потврда за нивната заложба за завршување на процесот на евроинтеграција на Северна Македонија.

–Уште еднаш ја потенциравме важноста Северна Македонија што побрзо да стане членка на ЕУ. Нашите пријатели од ЕУ нé поддржуваат и помагаат во реформските процеси. Европскиот пат на земјите од Западен Балкан е важен за стабилност на регионот, безбеден и просперитетен живот, што нашите граѓани го заслужуваат, истакна Ковачевски.

Премиерот оствари средби со претседателката на Евроспката комисија Урсула Фон дер Лајен, со германскиот канцелар Олаф Шолц, со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и со доскорашната претседавачка на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси, претставникот на ЕУ за Западен Балкан Мирослав Лајчак, со премиерката на Естонија Каја Калас.

Се сретна и со лидери од регионот, српскиот претседател Александар Вучиќ, претседавачот на Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, како и со други учесници на Конференцијата.

Во својство на претседавач на ОБСЕ на Минхенската конференцијата е присутен и министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој денеска учествува на панел диксусијата „Враќање во иднината? Визии за европската безбедносна архитектура“, на која меѓу другите учествуваат и високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, естонската премиерка Каја Калас и шведскиот премиер Улф Кристерсон.

Минхенската безбедносна конференција на 17 февруари официјално ја отвори новиот претседавач Кристоф Хојсген, кој на присутните им порача дека една од главните темки на кои треба да се посвети внимание е темата за одговорност, како да се спречи неказнивоста и да се креира специјален трибунал за криминалот предизвикан од агресија.

– Има многу конфликтикти на кои сме сведоци, има тврдења дека е нападната Европската декларација, дека под напад е Универзалната декларација за човекови права, дека под напад се правилата на меѓународниот поредок. Во Украина не сме сведоци на битка меѓу Истокот и Западот, на битка меѓу НАТО и Русија, на битка меѓу ЕУ и Русија, туку сме сведоци на битка меѓу владеењето на правото и законот на посилниот, порача Хојсген.

Загриженост за меѓународниот поредок поради руската агесија во Украина изразија речиси сите светски лидери, меѓу кои и потпретседателката на САД, Камала Харис и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Харис говорејќи за стратешките интереси, напомена дека ниту една нација не е безбедна, доколку една земја може да го загрози суверенитетот на друга.

– Всушност овој момент е тест за нашата волја да ги одбраниме и заштитиме тие правила и норми. Други држави може ќе се почувствуваат охрабрени да го следат примерот на насилството. Други авоторитарни сили можеби ќе сакаат да го покорат светот според нивната волја, преку присила, дезинформации, па дури и примена на брутална сила. Меѓународниот поредок, на кој сите се потпираме, може да биде под ризик, потенцира Харис.

Харис истакна и дека САД се загрижени поради континуирата поддршка на Кина за Русија од почетокот на војната во Украина и додаде дека Вашингтон продолжува да го предупредува Пекинг за поддршката кон Москва,

Столтенберг, пак, нагласи дека сојузниците на Украина мора да ѝ го дадат она што и треба за да победи и да преовлада како суверена независна нација во Европа. Тој ја наведе Кина како конкретен пример за потребата од одвраќање, велејќи дека внимателно го следи исходот на војната.

– Ако Путин победи во Украина, тоа ќе влијае на одлуките и калкулациите што Пекинг ги прави во нивниот дел од светот. Значи, се работи за нашата глобална безбедност, предупреди Столтенберг.

Тој порача и дека Западот треба да избегне преголема претпазливост при испораката на оружје за Украина и оти на земјата треба да и се даде тоа што и е потребно.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, пак, истакна дека ЕУ може да биде партнер со воената индустрија за да го зголеми производството на муниција за Украина и да ги обнови сопствените резерви.

Таа го спореди овој план со она што го направи Унијата за време на ковид-пандемијата кога беше неопходно да се произведат огромни количини вакцини против коронавирусот.

– Би можеле да размислиме за големи договори кои ќе им овозможат на одбранбените компании да инвестираат во производствени линии за да го забрзаат производството и да ги зголемат количините што можат да ги испорачаат, рече Фон дер Лајен на безбедносната конференција во Минхен.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy