Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зајакнување на енергетското партнерство – средба Божиновска со унгарскиот министер за енергетика во Будимпешта
Економија

Зајакнување на енергетското партнерство – средба Божиновска со унгарскиот министер за енергетика во Будимпешта

05/03/2025

AA

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања
Божиновска, во рамките на посетата на Будимпешта, каде што се одржа Втората
меѓувладина седница меѓу владите на Северна Македонија и Унгарија, оствари
билатерална средба со унгарскиот министер за енергетика, Чаба Лантос.

На состанокот присуствуваа и Карој Матраи (Károly Mátrai), извршен
директор на MVM Group, како и Петер Холича (Péter Holicza), заменик државен
секретар, кои ги претставија перспективите за унапредување на енергетската
соработка меѓу двете земји.

Во фокусот на разговорите беа можностите за зајакнување на енергетското
партнерство, инфраструктурната поврзаност и обезбедувањето на енергетска
стабилност. Двете страни ја истакнаа важноста на натамошната соработка во
областа на обновливите извори на енергија, гасната инфраструктура и
регионалната енергетска интеграција.

Министерката истакна дека ова партнерство со Унгарија е пример како
стратешките соработки можат да донесат конкретни резултати, од подобрување на
енергетската ефикасност до зголемување на интерконективноста и развој на
иновативни енергетски решенија.

Министерката Божиновска ја нагласи заложбата на Владата на Македонија за
стабилен и сигурен енергетски систем, со диверзификација на енергетските извори
и модернизација на инфраструктурата, а Унгарија ја потенцираше подготвеноста за
поддршка во процесите на енергетска транзиција и поголема поврзаност на
енергетските пазари.

Средбата беше потврда за цврстите билатерални односи и партнерството во
енергетскиот сектор, со јасна насока за конкретни заеднички проекти кои ќе
донесат бенефити за двете земји.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Џихан Ахмед поднесе оставка

27/01/2026
Македонија

УСТАВНИОТ СУД ЌЕ ГО ОЦЕНУВА „СЕЈФ СИТИ“ Формирани два предмета

27/01/2026
Македонија

СДСМ го поддржува протестот и барањата на работниците

27/01/2026
Македонија

ССНМ се приклучува на утрешниот работнички протест за зголемување на

27/01/2026
Македонија

Манипулативни изјави или дијалог? Тензиите меѓу МНР на Бугарија и

27/01/2026
Македонија

МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ ЈА ДЕМАНТИРА СУДИЈКАТА САВОВСКА Невистините и манипулациите не

27/01/2026
Македонија

ЕК ИТНО ДА ОБЕЗБЕДИ ПРЕОДЕН ПЕРИОД, ИЗЗЕМАЊА ИЛИ СПЕЦИЈАЛЕН РЕЖИМ

27/01/2026
Македонија

Македонски Телеком ги отфрла незаконските обвинувања и очекува да се

27/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40692
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Џихан Ахмед поднесе оставка

27/01/2026

Џихан Ахмед која беше кандидат за член на Комисијата за дискриминација си поднесе оставка. На расправата, и покрај тоа што

УСТАВНИОТ СУД ЌЕ ГО ОЦЕНУВА „СЕЈФ СИТИ“ Формирани два предмета за измените на Законот за

27/01/2026

Уставниот суд формираше два предмета по поднесени иницијативи во кои се оспорени измените на Законот за прекршоци, во делот кој

СДСМ го поддржува протестот и барањата на работниците

27/01/2026

СДСМ го поддржува протестот на работниците и Сојузот на синдикатите во борбата за достоинствени плати и зголемување на минималната плата.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy